| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар
Телефонски разговор Муцунски - Ал Мураихи: Цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар / Other

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан бин Саад Ал Мураихи.

„Во разговорот, министерот Муцунски го осуди отворениот ирански напад насочен кон територијата на Катар, оценувајќи го како сериозна повреда на принципите на меѓународното право, вклучително и почитувањето на државниот суверенитет и територијалниот интегритет. Тој изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Катар, потврдувајќи ја поддршката за мерките и одлуките преземени со цел заштита на безбедноста и стабилноста на државата“, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Како што се наведува во соопштението, Муцунски нагласи дека во услови на зголемени регионални тензии неопходни се воздржаност, одговорност и засилен дипломатски ангажман, со цел спречување понатамошна ескалација и зачувување на мирот и стабилноста во регионот.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Дали Израел го реплицира моделот на Газа во Либан со својата тампон-зона „Жолта линија“?
ОН: Зголемен ризик за сириските цивили по проширувањето на израелските операции
Иран: САД повеќе не се во позиција да им „диктираат“ политика на други нации
Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
Германија депортира 25 осудени мажи во Авганистан поради построга имиграциска политика
Прогресивните ја критикуваат ЕПП за блокирање на дебатата за Газа
Калас: Блокадата на Ормускиот Теснец е опасен преседан
Јужна Кореја бара итна меѓународна акција за севернокорејското нуклеарно прашање
Трамп незадоволен од предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец
Кина: Законот за индустриско забрзување на ЕУ дискриминира, можни се контрамерки
Мерц: Украина можеби ќе мора да прифати губење на дел од територијата за да биде членка на ЕУ
Лидерот на Хезболах ги отфрли директните преговори меѓу Либан и Израел, вети конфронтација со Израел
Што предлага Техеран за да се стави крај на американско-израелската војна со Иран?
Арагчи слета во Москва додека Иран турка по дипломатски пат на сите фронтови
ЕУ поделена околу суспендирањето на договорот со Израел: кој е на која страна?
Квислинзите и лицемерите на Доналд Трамп
Од доверлив партнер до испостава: Грчкото поместување кон западно упориште на Израел
Зошто Израел е сè уште надвор од преговарачката маса во преговорите со Иран?
Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи ќе патува во Исламабад, Мускат и Москва
Мелони: Тензиите меѓу САД и Шпанија околу НАТО не се „позитивни“