| Macedonian
КУЛТУРА
4 мин читање
46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 20-26 септември
На 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ лауреат на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е турскиот филмски режисер, Семих Капланоглу.
46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 20-26 септември
46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ од 20-26 септември / TRT Balkan

На 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ лауреат на Специјална камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност е турскиот филмски режисер, Семих Капланоглу.

„Капланоглу е еден од најуспешните и највлијателни режисери во турската кинематографија, кој има добиено 28 меѓународни награди и 10 номинации низ целиот свет. Дебитираше во 2001 година со „Далеку од дома“, за кој ја добива наградата за најдобар режисер на Сингапурскиот филмски фестивал. Во 2005 година, неговиот втор игран филм „Падот на ангелот“,  имаше светска премиера на Берлинале Форум и доби награда за најдобар филм во Нант, а неговиот трет игран филм „Јајце“, кој премиерно беше прикажан во 2007 година на Канскиот филмски фестивал доби 30 награди. Овој филм беше првиот дел од „Трилогијата Јусуф“ што го направи Семих Капланоглу светски познат како режисер. Во 2008 година, филмот „Млеко“ премиерно беше прикажан во официјалната конкуренција на Венецискиот филмски фестивал, а потоа и на низа други фестивали ширум светот и му донесе повеќе меѓународни награди, вклучувајќи ја и наградата на ФИПРЕСЦИ на фестивалот во Истанбул за „Мед“, третиот дел од „Трилогијата Јусуф“, добива „Златна мечка“ на 60, издание на фестивалот во Берлин“, соопшти денеска директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Потенцираше дека ни претстои едно возбудливо, квалитетно и богато фестивалско издание.

„Остануваат официјалната програма Камера 300 со која ќе се отвори фестивалот на 20 септември во Битола, кратката програма, документарната програма, студентската програма, а годинава е враќа и макпоинт програмата во која ќе се прикажуваат филмови од македонската продукција. Досега се најавени голем број гости од земјава и странство, врвни уметници, филмски автори кои ќе ја збогатат програмата и ќе учествуваат директно во филмските работилници, мастеркласовите и пропратната програма на фестивалот“, рече Доксевски.

Селекторот на главната компетиција, Слаѓан Пенев информираше дека со македонски филмови ќе се отвори и ќе се затвори фестивалот.

„Во главната програма ќе прикажеме филмови од фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, Торонто, Локарно итн. Денеска сакам да најавам два македонски филмови кои ќе бидат прикажани во главната програма Камера 300. Филмот на Теона Митевска, „Мајка“ ќе го отвори овогодинешното 46, издание на ИФФК „Браќа Манаки“, каде директорка на фотографија е долгогодишната соработничка на Теона Митевска, Виржини Сент-Мартан од Белгија. Сент-Мартан досега со свои филмови учествувала на неколку изданија во главната програма на ИФФК „Браќа Манаки“ има два пати освоено Сребрена Камера 300. Ќе го откријам и филмот со кој ќе биде затворен фестивалот, а тоа е македонскиот филм „Диџеј Ахмет“, кој досега веќе постигна голем успех на светските фестивали, и доби две награди на „Санденс“ фестивалот“, информираше Пенев.

Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, признание за неговиот исклучителен придонес кон македонската филмска музика и култура, соопшти претседателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи, кој подвлече дека не е лесно да се најде лауреат за оваа награда, а да не се направи пропуст, бидејќи критериумот е многу висок и таков треба да остане.

„Џајковски е филмски композитор, но пред се познат скопјанец, творец на културната сцена и културниот профил на нашиот град и на нашата држава. Го знаеме од неговиот бенд „Бастион“, потоа се појави во „Леб и сол“ во албумот „Како какао“ и направи еден извонреден исчекор за овој скопски бенд, потоа почна да работи на театарски претстави и на филмското платно, а за неговите диџејски и соло проекти воопшто да не зборуваме. Синоним за современиот македонски звук, Џајковски е еден од најзначајните композитори и продуценти, познат по спојот на традиционални балкански мотиви со современи електронски ритми. Неговата музика е составен дел од најгледаните македонски филмови, меѓу кои „Бал-кан-кан“ и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Прашина“,,Врба" и ,,Сенки" на Милчо Манчевски, „Големата вода“ и „Пиарги“ на Иво Трајков (за „Големата вода“ ја доби наградата за најдобра музика на Фестивалот во Валенсија), како и „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски“, рече Иванов.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
100 години Природонаучен музеј во Скопје: Истрајност, наука и природно наследство
Мачкина глава ќе го отвори, Црно злато ќе
го затвори јубилејниот 60. МТФ „Војдан
Чернодрински“
Познатиот актер Џон Малкович доби хрватско државјанство
Саем на книгата во Скопје: Над 60 издавачи и повеќе од 130 промоции
Охрид на мапата на Европските културни рути на Советот на Европа
Од љубов до спој на две култури: Од Јордан до Скопје
Три копродукции на ТРТ се натпреваруваат за Златната палма во Кан
Неколку факти за Ромите и нивниот Меѓународен ден - 8 Април
Под слоганот „Важна е културата”, Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
Потпишан протокол за соработка меѓу Министерството за култура и туризам на РСМ и ТУРКСОЈ
Заживување на заборавеното: Ткаење на разбој
Во Лос Анџелес, со присуство на најголемите имиња од Холивуд, се одржа доделувањето на Оскарите
ТМВ го одбележа Денот на прифаќањето на турската национална химна
Почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили
Македонската гајда и турскиот тулум ќе се претстават во Истанбул
Министерство за култура и туризам: Премиерата на филмот „Диџеј Ахмет“ во Брисел ја одушеви публиката
Турската општина Арнавуткој организираше ифтарска програма во Долнени
Ткаенината на еден народ: Македонската традиција од етнолошка перспектива
Почина актерот Роберт Дувал, добитник на Оскар и две награди Еми
Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО