Средба Ердоган-Сиљановска Давкова во Истанбул
„Согласни сме дека македонско-турските односи се темелат на силно пријателство, доверба и континуирана поддршка, со значаен придонес на турските инвестиции во севкупното македонско општество.“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.
Ердоган ја пречека Силјановска-Давкова со официјална церемонија во претседателската канцеларија Долмабахче. Откако ги претставија своите делегации, двајцата лидери продолжија на состанокот.
На состанокот присуствуваа и шефот на Националната разузнавачка организација (МИТ), Ибрахим Калин, директорот за комуникации при турското Претседателство, Бурханетин Дуран и главниот советник на претседателот за надворешна политика и безбедност, Акиф Чагатај Килич.
Претседателката Сиљановска-Давкова во објава на социјалните мрежи упати благодарност до претседателот Ердоган за, како што истакна, гостопримството, конструктивниот и искрен разговор.
„Согласни сме дека македонско-турските односи се темелат на силно пријателство, доверба и континуирана поддршка, со значаен придонес на турските инвестиции во севкупното македонско општество. Очекуваме дека Советот за соработка на високо ниво да отвори нови можности за поструктурирана соработка. Благодарност за поканата да учествувам на 5. Дипломатски форум во Анталија, неизмерно важен во денешниот глобален контекст“, истакна таа.