| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета
Од вторник, 27 октомври, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по највисока цена од 91 денар за литар, наместо досегашните 96 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува од 98 на 93 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета, односно 99 денари за литар

Бензините од полноќ поевтинуваат за пет денари за литар, додека цената на дизелот останува непроменета. Ова го одлучи Регулаторната комисија за енергетика, со што цените на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,89 проценти.

Од вторник, 27 октомври, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по највисока цена од 91 денар за литар, наместо досегашните 96 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува од 98 на 93 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува непроменета- 99 денари за литар.

Со претходната одлука, од 19 октомври, цената на бензините беше намалена за 2,5 денари, а со најновата следува дополнително намалување од пет денари. Така, за само две недели бензините кумулативно поевтинија за 7,5 денари по литар.

Дизелот, пак, минатата недела поскапе за два денари, а сега неговата цена останува непроменета.

Во формирањето на цените и понатаму се применуваат намалената акциза од четири денари по литар за бензините и дизелот, како и повластената стапка на ДДВ од 10 проценти за дизелот, кои беа опфатени и со претходната одлука.

Промена има и кај горивата што се користат за греење и во индустријата. Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за половина денар, од 110,50 на 110 денари за литар. Наспроти тоа, мазутот поскапува за 0,694 денари по килограм и неговата нова цена изнесува 54,273 денари.

Според образложението на Регулаторната комисија за енергетика, новите цени се резултат на движењата на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари и промените на девизниот курс.

Во споредба со претходната пресметка, референтните цени на бензините на светскиот пазар се намалиле во просек за 8,12%, односно за 98,65 долари по тон.

Кај дизел-горивото е забележано благо зголемување од 0,404%, додека кај екстра лесното масло за домаќинство намалувањето изнесува 0,074%.

Кај мазутот, пак, референтните цени се зголемиле за приближно 2,06%.

Дополнително влијание врз пресметката имало и движењето на девизниот курс. Просечниот курс на американскиот долар во анализираниот период изнесувал 54,8974 денари, што е за околу 0,33% пониско во споредба со курсот користен во претходната пресметка од 19 октомври.

Повеќе
Напад со дрон остави големи делови од суданската престолнина без струја
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Туркије по хармонизацијата за безбедноста на машините со ЕУ цели на извоз од 10 милијарди
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени
Туркије, Саудиска Арабија, Пакистан и Иран ќе продолжат со разговорите за регионалната безбедност
Ердоган вети дека ќе ги брани поморските права на Туркије, повикува на единство во Либија
Макрон: Владата ќе објави силни мерки за смирување на протестите, следниот викенд сè уште е ризичен
Администрацијата на Трамп ја поддржува идејата Орбан да биде на чело на ОН
Извештај на ОН ја обвинува Москва за воени злосторства, го користи студот како оружје
Трговијата и соработката во вселенскиот сектор во фокусот на самитот на туркиските држави во Анкара
Бурнам: Преиспитувањето на договорот за Брегзит со ЕУ може да ги обедини луѓето
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета
Бајрактар: Туркије планира да инвестира 100 милијарди долари во електроенергетската мрежа до 2040 г.
Мерц по изборите: Активно ќе ја поддржиме Србија на европскиот пат
Украина ја продолжува воената состојба до јануари 2027 година