| Macedonian
Епл обвинет за кражба на технологијата за мобилниот паричник Епл Пеј
Во тужбата се тврди дека технологиите како НФЦ и безбедносните елементи што се користат во Епл Пеј се базираат на иновациите на Финтив, копманија од Тексас која ја тужи корпорацијата
Епл обвинет за кражба на технологијата за мобилниот паричник Епл Пеј
Адвокатот на Финтив го оцени случајот како еден од најсериозните примери за корпоративна злоупотреба во последните 45 години

Тексашката компанија Финтив (Fintiv) поднесе тужба во Атланта против Корпорацијата Епл за наводна кражба на патенти и трговски тајни поврзани со мобилниот паричник што служел како основа за услугата Епл Пеј вредна милијарди долари.

Во тужбата се тврди дека компанијата Епл во периодот 2011-2012 година, под изговор на партнерство со претходникот на Финтив, компанијата Корфајр (CorFire), добила доверливи информации за нивната технологија и подоцна ја злоупотребила. Исто така, се наведува дека Епл ги одвлекла клучните вработени од Корфајр, како и дека технологиите како НФЦ и безбедносните елементи што се користат во Епл Пеј се базираат на иновациите на Финтив.

Финтив дополнително го обвинува Епл дека формирал сојуз со водечки банки и мрежи за плаќање како што се ЏП Морган, Ситибанк, Виза и Мастеркард за да олесни милијарди трансакции преку Епл Пеј, преку кои компанијата наводно нелегално генерира огромни приходи.

Адвокатот на Финтив, Марк Касовик, го оцени случајот како еден од најсериозните примери за корпоративна злоупотреба во последните 45 години и најави дека компанијата ќе бара целосна одговорност од Епл за наводните нелегални дејствија, објавува порталот Бизнис Вајр.

Повеќе
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“