РЕГИОН
3 мин читање
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
Изборната кампања влегува во последната фаза. Остануваат уште седум дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска.
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
10 октомври 2025

Изборната кампања влегува во последната фаза. Остануваат уште седум дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во јужниот дел на државата со митинзи и средби со граѓани во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија, а нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција.

Опозициската СДСМ денеска ќе ги посети дел од скопските општини и тетовската општина Брвеница. Караванот на СДСМ ќе биде во Сопиште, Ѓорче Петров и Гази Баба. Изјава за медиумите ќе има и кандидатката за градоначалник на Скопје Каја Шукова.

За денеска, изборни активности во Битола се закажани од страна на политичката партија Левица каде е најавено присуство на лидерот на партијата Димитар Апасиев и кандидатката за градоначалник на Струга, Јована Мојсовска.

Прес-конференција денеска ќе одржат и Движењето Слободни и независни и потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми и кандидатот за градоначалник на Липково, Еркан Арифи.

Партиите во текот на вчерашниот ден со ветувања пред граѓаните за вложувања во инфраструктурата, локалниот развој и создавањето услови за младите да останат во својот град. Лидерите на најголемите македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вчера се осврнаа и на судството ветувајќи реформи и владеење на правото и правдата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски од митингот во општина Илинден рече дека мора да има правда и одговорност и да се направи ресет на системот кој нема да биде само политички, туку и институционален.

„Овој ресет нема да биде само политички. Тој ќе биде морален, институционален и народен. Ќе има правда и таа ќе биде брза. Ќе има одговорност и таа ќе биде вистинска одговорност. Овој ресет ќе биде праведен, но безмилосен кон оние што го злоупотребувале народот. Ќе ја вратиме одговорноста, достоинството и она што ни е важно е да имаме систем на којшто сите ние гордо ќе му служиме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски зборуваше на темата за судството во земјата при што посочи дека време е да се изгради држава на правда, слобода и грижа за секого, затоа што слободата не е само дел од Уставот туку н

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, пак, на митингот во Кавадарци оцени дека во државата има недостиг на правда, обвинувајќи го притоа Мицкоски дека не сака независно судство, туку судство под партиска контрола.

„Мицкоски не сака независно судство. Тој сака свое судство. Не сака обвинители по закон, туку обвинители по список од тефтерчињата во Белата палата. Затоа вечерва го прашувам јавно: Зошто не направи ништо? Зошто не ги реформираше судството и обвинителството? Зошто се плашиш, Мицкоски? Дали затоа што знаеш дека, ако судството стане навистина независно, половина твоја влада ќе мора да одговара пред закон?“, рече Филипче.



ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Грција се соочува со сè поголем недостиг на вода, најкритична состојбата во Атина
МВР: Шест жртви во сообраќајки во првите четири дена од ноември – апел за одговорно возење
Мицкоски: Остануваме посветени на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Николоски и Караџов го потпишаа Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Протест во Албанија против предлог-законот „За родова еднаквост“: Тој е „антинационален и антисемеен“
Вучиќ: Србија продолжува по својот европски пат, иако нашата позиција не е лесна
Турското МНР изрази сочувство до народот на Босна и Херцеговина по трагедијата во Тузла
Додик и по укинувањето на американските санкции се заканува со отцепување на Република Српска
Најмалку 11 загинати во пожар во Дом за пензионери во Тузла, БиХ
Мицкоски: Ги повторивме нашите позиции, веруваме дека нашата иднина е во ЕУ
Прекината истрагата против Додик за напад врз уставниот поредок
Косово: Глаук Коњуфца нов кандидат за премиер од Движењето Самоопределување
Скопскиот аеродром очекува најголем раст на патници во зимската сезона
ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори
ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг
Тошковски: Ги имавме најмирните избори во последните години
Мицкоски: Продолжуваме да работиме за нашата заедничка мултиетничка Македонија
Врховниот суд во Црна Гора ги ослободи двајцата турски државјани уапсени под наводи за вмешаност во напад со нож
ОН: Мандатот на мисијата ЕУФОР-Алтеа во БиХ продолжен за уште една година
Почина поранешниот албански премиер Фатос Нано