Мајкрософт ќе инвестира 10 милијарди долари во ВИ и клауд технологии во Јапонија

Инвестицијата беше соопштена за време на состанокот во Токио меѓу Бред Смит потпретседателот на Мајкрософт, и јапонската премиерка Санае Такаичи. Инвестицијата ќе вклучува партнерства со Софтбанк и Сакура

By
Мајкрософт ќе инвестира 10 милијарди долари во ВИ и клауд технологии во Јапонија / AP

„Мајкрософт“ планира да инвестира 10 милијарди долари во Јапонија за да ја прошири својата инфраструктура за вештачка интелигенција и клауд технологии, изјави Бред Смит висок извршен директор.

Инвестицијата беше соопштена за време на состанокот во Токио меѓу Бред Смит потпретседателот на Мајкрософт, и јапонската премиерка Санае Такаичи. Инвестицијата, која треба да трае до 2029 година, ќе вклучува партнерства со Софтбанк и Сакура.

„Можеме да ја обезбедиме поддршката што ѝ е потребна на јапонската економија за во иднина“, и рече Смит на Такаичи.

Смит истакна дека иницијативата има за цел да го поттикне економскиот раст на Јапонија преку зајакнување на дигиталната инфраструктура што е клучна за идните технологии.

Овој потег значително го проширува претходниот план на Мајкрософт од 2,9 милијарди долари, објавен во 2024 година, за надградба на центрите за податоци и подобрување на клауд можностите во земјата.