| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Регионални посредници се обидуваат да ги смират тензиите меѓу САД и Иран
Постојат обемни дипломатски напори најпрво да се постигне согласност со двете страни за деескалација, а потоа да се одреди датум за уште една рунда преговори меѓу техничките тимови, објави Аксиос
Регионални посредници се обидуваат да ги смират тензиите меѓу САД и Иран
САД вчера нападнале повеќе железнички мостови во Иран

Регионалните посредници се обидуваат да ги смират тензиите што се зголемуваат меѓу САД и Иран, истовремено повикувајќи на натамошни преговори за нуклеарен договор, објави доцна синоќа новинскиот сајт „Аксиос“.

Повеќе извори – двајца од земјите посредници и еден американски официјален претставник – за медиумот изјавија дека регионалните влади се обидуваат да ги деескалираат тензиите меѓу двете земји.

Регионален извор од една од земјите посредници рече дека посредниците веруваат оти неодамнешните ирански напади во Ормускиот Теснец биле извршени од елементи во рамките на иранскиот режим што се противат на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран и се обидуваат да го нарушат.

Изворите наведоа дека официјални претставници од Катар, Пакистан, Египет и Саудиска Арабија во среда оствариле повеќе телефонски разговори со американски и ирански претставници во обид да ги намалат тензиите.

„Постојат обемни дипломатски напори најпрво да се постигне согласност со двете страни за деескалација, а потоа да се одреди датум за уште една рунда преговори меѓу техничките тимови“, изјави еден регионален извор вклучен во посредувањето.

Иран и САД во изминатите два дена разменија напади во екот на ескалацијата, по нападите на Иран врз три трговски брода во Ормускиот Теснец.

Техеран вчера изведе серија напади врз американската воена инфраструктура во Бахреин, Кувајт, Катар и Јордан, како одмазда за американските напади веќе втора ноќ.

Повеќе
Трамп ја поздрави рекордната победа на АфД на германските покраински избори
Јужна Кореја со бојкот за јапонскиот комеморативен настан за воените работници трета година по ред
Израел нареди затворање на британскиот Конзулат во Источен Ерусалим
Уапсен поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, сам и се предал на полицијата
Туркије со најголем напредок во ОЕЦД во сите три области на рангирање на ПИСА
БиХ протера двајца српски дипломати и се повлекува од декларацијата за регионална соработка
Потпишан Договор за соработка меѓу Македонскиот државен архив и Хрватскиот државен архив
Туркије ќе го зголемува цивилниот одбранбен технолошки потенцијал за да ја намали зависноста
Управата на Панамскиот канал ќе пропише уште построги ограничувања за транзит поради Ел Нињо
Унгарија протера десет руски дипломати, Москва најавува „суров“ одговор
Двајца загинати, десетина повредени во руските напади врз Киев
„Неговото место е во затвор“: Голан се приклучи на критиките кон Нетанјаху
Кошта и Фон дер Лајен: Снимките од погребот на Младиќ беа шокантни
Најмалку двајца Палестинци убиени во најновите израелски напади во Газа
Бенет го обвини Нетанјаху дека ги игнорирал предупредувањата за нападот на Хамас на 7 октомври 2023