| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Превозниците од регионот денеска на состанок со ЕК за решението околу престојот во Шенген зоната
Бараме краткорочни и долгорочни решенија сè додека не се постигне имплементација на предвиденото, сакаме решенија за возачите повеќе да не бидат малтретирани или апсени, рече претседателот на Меѓународното транспортно бизнис здружение, Неџо Мандиќ
Превозниците од регионот денеска на состанок со ЕК за решението околу престојот во Шенген зоната
Блокадите, кои почнаа на 26 јануари, беа прекинати во четвртокот и петокот откако ЕК понуди решение за проблемот / Reuters
3 февруари 2026

Превозниците од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, кои минатата недела ги блокираа премините за товарен сообраќај поради строгите правила на ЕУ за престој во Шенген зоната, денес треба да се сретнат во Брисел со претставници на Европската комисија со цел да се најде решение за проблемот со професионалните возачи кои престојуваат во Шенген зоната.

Блокадите, кои траат од 26 јануари, беа прекинати од превозниците од Србија и Босна и Херцеговина во петокот откако ЕК понуди решение за проблемот со ограничување на престојот на професионалните возачи во Шенген зоната, кое беше презентирано како дел од визната стратегија на ЕК, каде што е предвидено воведување на електронски визи.

Превозниците од Црна Гора и Северна Македонија престанаа со блокадите еден ден претходно.

Претседателот на Меѓународното транспортно бизнис здружение, Неџо Мандиќ, претходно за Танјуг изјави дека транспортерите од Србија донеле одлука за прекин на блокадите еден ден откако ЕК почнала да ја разгледува можноста за воведување специјални визи за професионалните возачи на камиони, што ќе им овозможи да останат подолго во земјите од ЕУ и непречено да ја извршуваат својата работа.

Мандиќ рече дека добиле ветување дека состанок на работната група ќе се одржи денес во Брисел.

„Имаме и дневен ред кој содржи само она што дополнително го бараме, да создадеме краткорочни и долгорочни решенија сè додека не се постигне имплементација на предвиденото. Она што го сакаме се решенија за возачите повеќе да не бидат малтретирани или апсени“, рече Мандиќ.

Превозниците претходно предупредија дека примената на правилото 90 од 180 дена за професионалните возачи, исто така, ја загрозува нивната работа и опстанокот на транспортните компании во земјите од Западен Балкан.

Европската комисија усвои нова стратегија за визи, во рамките на која ќе се разгледа посебен режим што ќе им овозможи на превозниците да останат во Шенген зоната подолго од 90 дена, без потреба од дозвола за работа или престој, но со строга контрола и јасно дефинирани правила.

Стратегијата за визи на ЕУ, чија работна верзија беше презентирана минатата недела, наведува дека професионалците од трети земји, како што се возачи на камиони, уметници на турнеја, спортисти кои присуствуваат на спортски настани, експерти кои работат на прекугранични проекти, работната сила што ги поддржува индустриите и услугите на ЕУ, треба да останат во ЕУ подолго од дозволениот лимит, без намера за трајно населување.

Повеќе
Едно лице загина во иранските напади врз Бахреин
САД во првите два дена од војната потрошиле муниција во вредност од 5,6 милијарди долари
Уште 3 американски бомбардери пристигнаа во Велика Британија за време на војната во Иран
Туркије го распоредува системот „Патриот“ во областа Малатија
Иранската револуционерна гарда до Трамп: Ние сме тие што го одредуваат крајот на војната
Ердоган до Пезешкијан: Нема оправдување за нарушувањето на воздушниот простор на Туркије
Трамп: Имам план за справување со зголемувањето на цената на нафтата
Путин: Русија е подотвена да ја снабдува Европа со енергенси, ако еропските земји покажат интерес
Виртуелен состанок Туркије – ЕУ за најновите случувања во Иран
Ердоган: Да се преземаат дејствија кои фрлаат сенка на соседските и братските врски со Иран
Мерц загрижен поради зголемувањето на цените на енергенсите
Њујорк пост: Трамп не е задоволен од новиот врховен лидер на Иран
Самоопределување ја тужи Вјоса Османи за распуштањето на косовското собрание
НАТО е подготвен да ги брани сите земји членки од било каква закана
Муцунски: Очекуваме неделава сите македонски граѓани да бидат евакуирани од Блискиот Исток