Венецуела повторно доби пристап до X по повеќе од една година

„Го продолжуваме контактот преку овој канал. Венецуела останува на нозе, со сила и историска свест. Да останеме обединети, движејќи се кон економска стабилност...“

By
Венецуела повторно доби пристап до X по повеќе од една година / AA

Американската платформа за социјални медиуми X вчера стана повторно достапна во Венецуела, повеќе од една година откако беше блокирана од соборениот претседател Николас Мадуро, кој беше приведен од американските сили на 3 јануари, јавува Анадолу.

Привремената претседателка Делси Родригез, која претходно ја извршуваше функцијата потпретседателка на Мадуро, го ажурираше својот профил на X, пишувајќи: „Го продолжуваме контактот преку овој канал. Венецуела останува на нозе, со сила и историска свест. Да останеме обединети, движејќи се кон економска стабилност, социјална правда и држава на благосостојба кон која заслужуваме да се стремиме.“

По изборите во јули 2024 година Мадуро беше прогласен за победник и покрај обвинувањата за изборна измама, а неговата Влада го суспендираше пристапот до американската платформа за социјални медиуми во август.

Пред забраната, X беше клучна платформа за Венецуелците, но блокадата ги натера министрите, пратениците и владините агенции да престанат да објавуваат новости.

Родригез ја презеде власта откако Мадуро и неговата сопруга беа приведени од американските воени сили на 3 јануари, за време на операција во која се убиени повеќе од 100 лица, според официјалните бројки.