| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Лидерите на опозицијата повикуваат на висока излезеност и предупредуваат на обиди за поткопување на изборите преку ширење дезинформации
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху

Лидерите на израелската опозиција денес ги повикаа гласачите масовно да излезат на парламентарните избори во земјата, со цел да се стави крај на владеењето на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Гласањето започна во 7 часот наутро по локално време (05:00 часот по Гринич) и ќе трае до 22:00 часот (20:00 часот по Гринич).

Авигдор Либерман, лидер на опозициската партија „Израел Бејтеину“ и поранешен министер за одбрана, ги повика Израелците да гласаат за да се стави крај на политичката ера на Нетанјаху.

„Гласајте. Да ставиме крај на ерата на Нетанјаху и на владеењето на Харедимите“, напиша Либерман на социјалната мрежа „Икс“ (X), мислејќи на ултраортодоксните верски групи.

Нетанјаху е на чело на актуелната десничарска влада на Израел од крајот на декември 2022 година; оваа влада е опишана како најдесничарската во историјата на земјата.

Во меѓувреме, Гади Ајзенкот, лидер на опозициската партија „Јашар“ и поранешен началник на Генералштабот на армијата, изјави дека смената на Нетанјаху зависи од тоа дали неговата партија ќе стане најголемата политичка сила.

„Постои само еден пат до промени и до смена на Нетанјаху – а тоа е патот на ’Јашар‘“, напиша Ајзенкот на „Икс“.

Тој нагласи дека неговата партија мора да стане најголема во Израел за да дојде до политички промени.

И Ајзенкот и Нетанјаху се противат на формирањето палестинска држава, и покрај резолуциите на ОН кои го поддржуваат решението со две држави.

Од друга страна, Гилад Карив, пратеник од опозициската партија „Демократи“, ги повика гласачите да учествуваат на изборите, опишувајќи го гласањето како можност за политички промени.

„Денес, борбата што ја водевме во изминатите четири години ја пренесуваме пред гласачките кутии“, напиша Карив на „Икс“.

Тој изјави дека денот на изборите го означува „почетокот на четири години надеж“.

Карив исто така предупреди дека Нетанјаху и неговите сојузници ќе се обидат да го поткопаат изборниот процес преку ширење дезинформации. „Во наредните часови, Нетанјаху и неговите соработници ќе ве преплават со лажни вести и пораки што наведуваат на погрешни заклучоци, во обид да ги поткопаат изборите преку ширење лаги и илузии“, рече тој.

„Нашиот одговор мора да биде масовна излезност на гласачките места“, додаде тој.

Изборите се сметаат за клучни за политичката иднина на 76-годишниот Нетанјаху, на кого му се суди по обвиненија за корупција – вклучувајќи поткуп, измама и злоупотреба на довербата – што, во случај на осудителна пресуда, може да резултира со затворска казна.

Исто така, од 2024 година, Нетанјаху е баран од Меѓународниот кривичен суд поради воени злосторства и злосторства против човештвото извршени врз Палестинците за време на геноцидната војна на Израел во Појасот Газа, каде што, од октомври 2023 година, се убиени повеќе од 74.000 луѓе.

Повеќе
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил
Кос: Драга Србијо, твојот глас се слушна, вратите на ЕУ се отворени
Радомир Саичиќ од Студентската листа: Ова е победа на храброста над стравот
Вучиќ го призна изборниот пораз
Србија: Студентската листа освои мнозинство во Собранието на Србија
Во Србија затворени избирачките места по изборниот ден одбележан со речиси рекордна излезност
Речиси 59.000 домаќинства и натаму без електрична енергија по бурите во Франција
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници
Нетанјаху нареди целосна блокада на Хеброн и окупираниот Западен Брег