| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Едно лице загина во невремето во Албанија, поплави во неколку градови
Ситуацијата со врнежите од дожд и поплавите е најпроблемтична во подрачјата Драч, Скадар, Лежа, Фиер, Берат и Ѓирокастро, каде што се поплавени домови, деловни објекти и земјоделско земјиште
Едно лице загина во невремето во Албанија, поплави во неколку градови
Властите денес наредија евакуација на жителите во неколку области погодени од поплавите / AA
8 јануари 2026

Последниве денови Албанија е погодена од лоши временски услови, при што обилни врнежи од дожд предизвикаа поплави во неколку градови, а едно лице загина.

Ситуацијата со врнежи од дожд и поплави е најпроблемтична во подрачјата Драч, Скадар, Лежа, Фиер, Берат и Ѓирокастро, каде што се поплавени домови, деловни објекти и земјоделско земјиште.

Во меѓувреме, властите, вклучително и Албанските вооружени сили, ги продолжија своите напори во поплавените подрачја за евакуација на семејствата и отстранување на водата, додека некои области се погодени и од снежни врнежи.

Во соопштение на албанското Министерство за одбрана се наведува дека како резултат на интензивните врнежи од дожд, нивото на реките се зголемило во неколку региони на земјата во последните часови, создавајќи сериозни проблеми, главно поплавување на земјоделски површини и домови, лизгање на земјиште, оштетување на инфраструктурата и блокади на патиштата.

„Структурите за Цивилна заштита и вооружените сили, под координација на Националната агенција за цивилна заштита и Министерството за одбрана, ангажирани се на терен за справување со вонредната состојба, евакуирање на жителите, каде што е потребно, како и минимизирање на штетите“, се вели во соопштението.

Властите денес наредија евакуација на жителите во неколку области погодени од поплавите.

Во меѓувреме, полицијата во Драч потврди дека 54-годишно лице е пронајдено мртво во одводен канал откако, според полицијата, се сомнева дека било однесено од водотекот.

Еден од регионите најпогодени од поплавите е Драч, каде што жителите за Анадолу кажуваат дека ситуацијата е проблематична веќе неколку дена.

Алтин Леши (41), жител на Драч, вели дека неговиот дом е поплавен. „Имаше голема штета, сè што имавме во куќата е уништено. Имаме над 80 сантиметри вода во домот“, вели тој.

Бекташ Шахини (66) е уште еден жител на Драч чиј дом е поплавен од врнежите. Тој вели дека ова е првпат неговата куќа да е поплавена. „Не ни беше дадена никаква шанса бидејќи водата дојде директно до нас и нè блокираше“, вели тој.

Повеќе
Трамп: Ќе распоредиме многу голема сила ако пропаднат преговорите со Иран
Ердоган и Судани разговараа за борбата со тероризмот и меѓусебната соработка
Вучиќ: Србија останува сигурен партнер на Кина во Европа
Помеѓу тумори и траума, болните во Газа се соочуваат со војна вон линиите на фронтот
Што значат растечките врски меѓу Туркије и Египет за регионот
Со истекот на „Новиот СТАРТ“, дали САД и Русија можат да постигнат нов пакт за нуклеарното оружје
Пет децении посветеност: Турскиот мајстор Мустафа 58 години им дава живот на радијата
Кога палењето куќи повеќе не се смета за тероризам во окупираниот Западен Брег
Дали Израел ќе почне уште еден голем воен напад врз Газа?
Мерц: ЕУ мора да гради партнерства со Туркије, Индија и Бразил
Калас: Советот за безбедност на ОН не работи онака како што треба
Германија ја осудува руската забрана за програмата за академска размена на DAAD
Кремљ: Следната рунда преговори за војната во Украина ќе се одржи во Женева
Британската полиција повеќе нема да апси поддржувачи на „Палестинска акција“ без докази
Побарана одговорност за трамвајската несреќа на протестот во Сараево