| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Задолжителни здравствени прегледи и вакцинации за некои странски работници во Хрватска
Одлуката се однесува и на дополнителна вакцинација на граѓани на трети земји под 35 години кои немаат доказ за пропишана вакцинација против мали сипаници, детска парализа, дифтерија и тетанус
Задолжителни здравствени прегледи и вакцинации за некои странски работници во Хрватска
Одлуката е донесена за заштита на интересите на јавното здравство, а се однесува на граѓаните на земјите на кои им е потребна виза за влез во Хрватска

Хрватското Министерство за здравство донесе одлука според која граѓаните на трети земји под визен режим, при продолжување на привремениот престој во Република Хрватска, ќе мора да се подложат на здравствен преглед за откривање на акутни и хронични заразни болести и, доколку е потребно, ќе бидат вакцинирани.

Одлуката е донесена за заштита на интересите на јавното здравство, а се однесува на граѓаните на земјите на кои им е потребна виза за влез во Хрватска, односно Шенген зоната.

Меѓу нив, на пример, се државјани на Индија, Непал, Бангладеш, Пакистан, Филипините и Египет кои имаат одобрена дозвола за привремен престој во Хрватска и бараат нејзино продолжување.

Прегледите ќе се спроведуваат врз основа на упатствата издадени од работодавачот.

Одлуката се однесува и на дополнителна вакцинација на граѓани на трети земји под 35 години кои немаат доказ за пропишана вакцинација против мали сипаници, детска парализа, дифтерија и тетанус.

Граѓаните на трети земји вработени во здравството и системот за здравствена и социјална заштита треба да бидат вакцинирани и против хепатитис Б, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

Трошоците за здравствениот преглед на странските работници ќе ги сносат работодавачите, додека трошоците за преглед на други државјани на трети земји кои го продолжуваат својот привремен престој ќе ги сносат самите.

Трошоците за вакцинација ќе ги финансира Хрватскиот институт за здравствено осигурување.

Повеќе
Задолжителни здравствени прегледи и вакцинации за некои странски работници во Хрватска
Париз: Приведувањето на двајца француски дипломати во Техеран нема да остане неказнето
Претставничкиот дом на САД одобри рекордни 1,15 билиони долари за воени трошоци
Лавров и Рубио ги завршија разговорите во Манила
Ердоган го угости „Колаче, а не омраза“ момчето, Џошуа Харис, во Истанбул
Мотеги: Ќе продолжи да расте глобалната поддршка за Палестина
Иран продолжи со нападите врз воени објекти на САД во Јордан и Кувајт
Двајца загинати во американски напад врз граничен премин меѓу Иран и Ирак
Хутите тврдат дека нападнале саудиски танкери со ракети и дронови
Лавров и Рубио се сретнаа во Манила, но не одговараа на новинарски прашања
Судењето на Николас Мадуро и сопругата закажано за 1 јуни 2027 во САД
Зеленски разговараше со претставници на Трамп за дипломатските напори за завршување на војната
33 повредени лица во вчерашното невреме во Скопје
Бугарија одобри распоредување на американски авиони и персонал за операции на Блискиот исток
Утре средба Лавров – Рубио во Манила