| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Тајната служба пропуштила 102 радио повици за време на обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија
Истрагата утврдиле и дека атентаторот Томас Крукс претходно управувал со дрон над областа, но дека летот не бил откриен бидејќи системот против дронови на Тајната служба не бил оперативен во времето на инцидентот
Тајната служба пропуштила 102 радио повици за време на обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија
За време на митингот едно лице од публиката било убиено, а Трамп претрпел повреда на увото во пукањето / AFP

Тајната служба на САД не примила 102 локални радио извештаи за вооружен човек за време на обидот за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во 2024 година во Батлер, Пенсилванија, покажа извештајот на владината институција за надзор.

На 13 јули 2024 година, Тајната служба не била свесна за повеќето комуникации од локалните агенции за спроведување на законот, бидејќи не воспоставила заедничка просторија за комуникации со нив, според наодите на генералниот инспектор на Министерството за внатрешна безбедност, објави Ројтерс.

Во извештајот се наведува дека агенцијата примила само пет телефонски повици и три текстуални пораки во врска со осомничениот Томас Крукс, додека локалните служби истовремено размениле 102 радио преноси за потрагата по него.

„Како резултат на тоа, членовите на Тајната служба не го известиле претседателот Трамп за загриженост во врска со сомнително лице“, се вели во извештајот.

За време на митингот, се случила пукотница во која едно лице од публиката било убиено, неколку лица биле повредени, а Трамп претрпел повреда на увото кога куршум го изгребал.

Според извештајот, напаѓачот се искачил на покрив во близина на местото на одржување на митингот со директна линија на видливост кон сцената.

Исто така, се наведува дека Крукс претходно управувал со дрон над областа, но дека летот не бил откриен бидејќи системот против дронови на Тајната служба не бил оперативен во времето на инцидентот.

Со системот, според извештајот, управувал недоволно обучен оператор кој не го тестирал пред митингот.

Според надзорниот орган, операторот поминал часови обидувајќи се да го реши техничкиот проблем, додека осомничениот во меѓувреме извршил речиси деветминутен лет со дрон.

Повеќе
Армијата доби нова опрема вредна 40 милиони евра обезбедена преку Европскиот мировен фонд
Палестинци и странски активисти повредени во напад на израелски доселеници на Западниот Брег
САД го предупредиле Иран дека преговарачите Арагчи и Калибаф се можни израелски цели
Ден на жалост во Киев по вчерашниот руски напад во кој загинаа најмалку 30 лица
Туркије постигна рекорден извоз од 278 милијарди долари во последните 12 месеци
Премиерот на Молдавија Александар Мунтеану поднесе оставка
Тајната служба пропуштила 102 радио повици за време на обидот за атентат врз Трамп во Пенсилванија
Демонстрант со знаме на Тибет се самозапалил пред седиштето на ОН во Њујорк
САД: ИЦЕ уапси 10.000 мигранти за пет дена, најавени се нови апсења
Фидан: Ердоган и Трамп имаат заедничка волја за укинување на санкциите преку КААТСА
Одобрувањето на нови израелски населби во Западниот Брег предизвикаа реакции кај Палестинците
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди источна Индонезија
Најмалку 21.000 деца убиени во Газа по 1.000 дена израелска војна: Спасете ги децата!
1.000 клима уреди ќе бидат доставени до болниците во регионот на Париз до крајот на неделата
Перу прогласи вонредна состојба во 22 региони поради претстојните дождови поврзани со Ел Нињо