| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Двете земји, кои делат крајбрежје по должината на Ормускиот Теснец, ја потврдија својата посветеност на гарантирање безбеден премин низ водниот пат во согласност со меѓународното право
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец
Оман и Иран формираат заедничка група за управувањето со Ормутскиот Теснец

Оман и Иран се согласија да формираат „заедничка работна група“ за преговори за идното управување со пловидбата низ Ормускиот Теснец, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Оман.

Соопштението следи по разговорите во Мускат главниот град на Оман, за време на посетата на претседателот на иранскиот Парламент, Мухамед Багер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Арагчи.

За време на посетата иранската делегација оствари средба со султанот на Оман, Хајтам бин Тарик, а разговараа и со министерот за надворешни работи Бадр Албусаиди.

Двете земји, кои делат крајбрежје по должината на Ормускиот Теснец, ја потврдија својата посветеност на гарантирање безбеден премин низ водниот пат во согласност со меѓународното право, нагласувајќи ги својот суверенитет и суверените права над нивните територијални води во теснецот.

Во соопштението се вели дека двете страни разговарале за прашања поврзани со теснецот според одредбите од меморандумот за разбирање од Исламабад потпишан меѓу САД и Иран и се согласиле да продолжат со консултациите преку „заедничка работна група“ меѓу нивните министерства за надворешни работи.

Повеќе
Калибаф: Иран ги напушти разговорите во Швајцарија по заканите на Трамп
Пезешкијан: Ефективноста на мировните преговори зависи од целосната посветеност
Израелските акции и шекелот во пад по преговорите САД-Иран
Трамп: Ормутскиот теснец е целосно отворен, а бродскиот сообраќај е нормализиран
Нетанјаху потврди: Израелските трупи ќе останат во јужен Либан
Иран: Завршија техничките разговори со САД во Швајцарија
Иран: Не се преземени дополнителни обврски за нуклеарните инспекции
Ердоган телефонски разговараше со Пезешкијан: Важно е да се преземат сите мерки за регионален мир
Туркије: Ја следиме состојбата на повредените морнари од дрон во Црното Море
Вучиќ разговарал со иранскиот претседател за прекинот на огнот и мировните преговори
Продлабочена интеграција за Молдавија во ЕУ пред формалното пристапување
Ердоган: Анкара ќе добие глобална дипломатска важност со самитите на НАТО и туркиските држави
ЕУ најостро ги осуди изјавите на Бен Гвир дека „Либан треба да гори“
Рама се сретна со Макрон во Париз: Франција ја поддржува Албанија во ЕУ
Пезешкијан предупреди против пораките кои може да поттикнат поделби во Иран