Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан, а европската безбедност не може да се одвои од безбедноста на регионот. Ова денеска на Парискиот мировен форум, на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани” го порача македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Земјите како што рече од таканаречениот Западен Балкан не се периферија на Европа, туку нејзин природен географски, историски и културен дел.
Таа истакна дека светот се наоѓа во период на длабока трансформација, во којшто старите модели се исцрпуваат, а новите сè уште не се оформени,
Сиљановска Давкова рече дека Северна Македонија е земја со 17 позитивни европски извештаи и држава со 21 година кандидатски статус.
Таа се осврна и на големиот број уставни измени и суверенитетот и демократскиот легитимитет.
„Мојот суверенитет извира од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. И мојот легитимитет исто така“, порача Претседателката, повикувајќи на владеењето на правото, како и почитување на човековите права и слободи”, рече Сиљановска Давкова.
Македонската претседателка истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја.























