Фидан: Анкара е целосно против секаков план за предизвикување граѓанска војна во Иран
Туркије е подготвена за секаков сценарио во врска со текот на војната и нејзините последици, Анкара работи дење и ноќе за да ја обезбеди безбедноста на турските граѓани во регионот, рече Фидан по средбата со неговиот германски колега Вадефул
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во четврток изјави дека Анкара останува целосно против секаков план што има за цел да предизвика граѓанска војна во Иран и да поттикне конфликти по етнички или религиозни линии.
Фидан ја даде изјавата за време на заедничката прес-конференција по средбата со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул во главниот град Анкара.
Нагласувајќи дека тековната војна на Блискиот Исток мора да заврши што е можно поскоро, Фидан рече дека Туркије вложува интензивни напори за завршување на војната.
„Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е во епицентарот на секој конфликт во регионот. Израел води експанзионистичка политика, која навистина се прелеа во оваа војна во Либан. Не можеме да ги затвораме очите пред окупаторската и инвазиска политика на Израел во Газа“, рече Фидан.
Тој додаде дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговарал со многу светски лидери и продолжува да го прави тоа, додавајќи дека е вклучен и во интензивни дипломатски напори.
„Војната на Блискиот Исток треба да заврши што е можно поскоро.Туркије интензивно работи на дипломатски напори за мир. Ние сме целосно против секој план што има за цел да предизвика граѓанска војна во Иран и да поттикне конфликти по етнички или религиозни линии на разделување, рече Фидан.
Спред него, Туркије е подготвена за секаков сценарио во врска со текот на војната и нејзините последици, додавајќи дека Анкара работи дење и ноќе за да ја обезбеди безбедноста на турските граѓани во регионот.
„Треба да најдеме заедничка основа за да се стави крај на војната на Блискиот Исток. Туркије може да игра важна улога во медијацијата и би сакале да соработуваме со Туркије во координација и тандем. Територијалниот интегритет на Иран и другите земји во регионот треба да се почитува, никој не сака да избувне хаос во Иран. Војната не треба дополнително да се влошува или провоцира, “ изјави Вадефул.
Тензиите на Блискиот Исток растат откако Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари, при што загинаа повеќе од 1.300 луѓе, вклучувајќи го и Али Хамнеи, поранешниот врховен лидер, и повеќе од 150 ученички. Повеќе од 10.000 луѓе се ранети и во израелските и американските напади.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, Јордан, Ирак и неколку земји од Персискиот Залив кои се домаќини на американски воени средства.