| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Скопје домаќин на глобалниот енергетски дијалог од од 28 до 30 октомври
Учесниците ќе дискутираат за енергетска поврзаност и регионална соработка, енергетска безбедност и стабилност, праведна енергетска транзиција и меѓународна соработка и инвестиции.
Скопје домаќин на глобалниот енергетски дијалог од од 28 до 30 октомври
Скопје домаќин на глобалниот енергетски дијалог од од 28 до 30 октомври / AA

Република Северна Македонија ќе биде домаќин на на глобалниот енергетски дијалог. Од 28 до 30 октомври во Скопје ќе се одржува Меѓународниот форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) чија тема годинава е „Од цели кон акција: енергија за иднината“.

Учесниците ќе дискутираат за енергетска поврзаност и регионална соработка, енергетска безбедност и стабилност, праведна енергетска транзиција и меѓународна соработка и инвестиции.

„Од Скопје почнува нова етапа на партнерства за енергетска иднина. Форумот ќе биде платформа за конкретни политики и стратегии за забрзување на глобалниот напредок кон одржлива енергија“, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на брифинг со новинарите.

Организатори на Форумот се Министерството за енергетика, УНДП Македонија и пет регионални комисии на ОН: UNECE, UNESCAP, UNECLAC, UNECA, ESCWA. Се очекува присуство на преку 300 учесници - министри, експерти, академици и претставници од приватниот и граѓанскиот сектор.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Истанбул е домаќин на глобален туристички настан вреден 116 милиони долари
Пакистан: САД и Иран да се вратат на преговорите и покрај недовербата
Трамп не се кае за војната со Иран иако ќе се одрази на меѓуизборите
Неколкумина загинати и повредени во несреќа на туристички автобус во Швајцарија
Повеќе експлозии одекнаа во близина на базата Ербил во Ирак
САД нема да извршат напади врз Хутите по барање на Саудиска Арабија
Туркије и Италија потпишаа договор за соработка во областа на трудот и социјалните политики
Шпанскиот Конгрес го поддржува државјанството за жителите на Западна Сахара родени пред 1977 година
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
САД ги притискаат сојузниците од НАТО да го распуштат МКС и да се повлечат од основачкиот договор
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип
Трамп вети по 5.000 долари за секој граѓанин ако републиканците победат на средорочните избори
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Руте: Треба да се направи многу повеќе за НАТО да биде предводен од Европа