Италија покрена истрага за „викенд снајперистите“ кои пукаа врз Сараево во текот на опсадата
Во Италија е покрената истрага за наводните „викенд снајперисти“ кои во текот на опсадата на Сараево учествувале во нападите на жителите на главниот град на Босна и Херцеговина.
Во Италија е покрената истрага за наводните „викенд снајперисти“ кои во текот на опсадата на Сараево учествувале во нападите на жителите на главниот град на Босна и Херцеговина.
Според наводите на весниците „Il Giorno" и „ La Repubblica", поединци ја напуштале Италија и им плаќале значителни средства на српските војници за да учествуваат во опсадата и од забава пукале во жителите на Сараево во градот под опсада.
Истрагата во Милано ја води обвинителот Алесандро Гобис, а целта е идентификација на овие „воени туристи“ кои учествувале во масакрот на повеќе од 11.000 луѓе во текот на агресијата на БиХ.
Случајот, за кој „Il Giornale" првпат извести во јули, отворен е според обвинувањата за доброволно убиство со отежнувачки околности и ниски страсти.
Моментално обвиненијата се водат против непознати лица, а истрагата е покрената по пријавата која ја поднесе новинариот и писател Езио Гавазени, со поддршка на двајца адвокати и поранешнот судија Гуидо Салвини.