Свечено отворање на ЗОИ 2026, олимпискиот оган истовремено ќе се запали и во Милано и во Кортина
За прв пат во историјата на Олимписките игри, церемонијата на отворање ќе се одржи на повеќе локации и ќе вклучува истовремено палење на пламенот во двата градови домаќини
Зимските олимписки игри официјално ќе започнат денес во 20 часот со церемонијата на отворање, која ќе се одржи во Милано на стадионот Сан Сиро во Милано, но ќе се одржи и на три други места во Предацо, Ливињо и Кортина д'Ампецо.
За прв пат во историјата на Олимписките игри, церемонијата на отворање ќе се одржи на повеќе локации и ќе вклучува истовремено палење на пламенот во вториот град домаќин.
Едниот ќе биде сместен во Милано, во близина на Арко дела Паче, култна знаменитост на градот, а другиот во Кортина д'Ампецо, на Пјаца Дибона, центарот на познатиот скијачки центар.
На третите по ред Игри организирани од Италија, чии домаќини овој пат се Милано и Кортина д'Ампецо, македонската репрезентација ќе ја претставуваат четворица спортисти, по двајца во нордиските и во алпските дисциплини.
Ана Цветановска и Ставре Јада ќе настапат во спринт и интервар, дисциплини во нордиското скијање. Во Алпско скијање ќе нѐ претставуваат Јана Атанасовска и Мирко Лазаревски, кои ќе настапат во слалом и велеслалом.
Кортина стана четвртиот град што може да се пофали дека двапати бил домаќин на Зимските олимписки игри, заедно со швајцарскиот Сент Мориц (1928 и 1948), австрискиот Инсбрук (1964 и 1976) и американскиот Лејк Плесид (1932 и 1980).
Вкупно 2.871 спортист ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во 2026 година, од кои 1.533 се мажи и 1.338 се жени, пред вкупно 92 олимписки комитети.
Натпреварите ќе се одржат во осум спортови, во вкупно 16 дисциплини.
Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026 започнаа во среда со турнирот во карлинг во мешани двојки во Кортина д'Ампецо, два дена пред церемонијата на отворање.
Вечервашното церемонија на отворање ќе биде збогатено со настапите на оперскиот пејач Андреа Бочели и рок-пејачката Лаура Паусини, како и американската музичка ѕвезда Мараја Кери.
Италијанскиот претседател Серџо Матарела официјално ќе ги отвори ЗИО.
Церемонијата на затворање на Игрите ќе се одржи на 22 февруари во Верона.