| Macedonian
Утре почнува летното сметање на времето
Европратеници сметаат дека сега е добро време за гласање во Европскиот парламент за укинување на оваа практика , бидејќи сегашниот процес на планирање, кој Европската комисија го спроведува на секои пет години, истекува во 2026 година
Утре почнува летното сметање на времето
Со поместувањето на времето во март, телото тешко се приспособува на новиот ритам, што доведува до замор и недостаток на концентрација / AP
пред 12 часа

Летното сметање на времето почнува викендов, ноќта сабота спрема недела во 02:00 часот кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час напред и наместо 02:00 часот ќе биде 03.00 часот.

Промената на времето кај нас, како и во повеќето европски земји, се случува двапати во годината и тоа последниот викенд во март кога почнува летното сметање на времето и последниот викенд во октомври кога почнува зимското сметање на времето.

Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Русија, Туркије, Белорусија и Исланд, а времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

Сезонското менување на времето, покрај во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот.

Иако сите земји во ЕУ од 1996 година го менуваат часовникот двапати годишно, во 2018 година Европската комисија предложи да се укине оваа практика, а членките на ЕУ требаше да се изјаснат до април 2020 година дали ќе останат со летно сметање на времето или ќе се префрлат на зимско сметање на времето.

Конечната одлука не беше донесена поради Брегзит и Ковид кризата, но пред сѐ поради недостаток на консензус меѓу земјите-членки, првенствено во врска со прашањето дали е подобро трајно да се остане на летно или зимско сметање на времето.

Европската комисија во јули лани објави дека до крајот на 2025 година ќе започне нова студија за укинување на одлуката за полугодишно поместување на стрелките на часовникот, откако една европратеничка формално побара дополнителна анализа на ова прашање. Но досега нема информации за новото истражување.

Европските политичари стравуваат од административен и економски хаос ако настане разногласие меѓу земјите членки и земјите кандидати или партнери.

Европратеници сметаат дека сега е добро време за гласање во Европскиот парламент за укинување на оваа практика , бидејќи сегашниот процес на планирање, кој Европската комисија го спроведува на секои пет години, истекува во 2026 година.

Промените во телесниот часовник може да доведат до проблеми со спиењето кои траат со недели, а научните истражувања покажуваат дека постои зголемен ризик од срцеви и мозочни удари веднаш по преминувањето на новото време.

Телесниот часовник, или деноноќниот ритам, се регулира преку изложеноста на светлина.

Утринското сонце го ресетира ритамот, додека вечерната светлина го одложува лачењето на мелатонин- хормонот кој предизвикува поспаност.

Со поместувањето на времето во март, телото тешко се приспособува на новиот ритам, што доведува до замор, недостаток на концентрација и зголемен ризик од хронични болести.

Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон е поврзан со зголемен крвен притисок, срцеви заболувања, дебелина и когнитивно опаѓање.

Повеќе
ОАЕ: Пресретнати шест балистички ракети и девет дронови од Иран
Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра
Дуран: Заштитата на вистината е клучна во „ерата на дезинформации“
Зеленски: Украина и Саудиска Арабија постигнаа важен договор за одбранбена соработка
Ердоган: Меѓународниот систем на победниците во Втората светска војна е во длабока криза
Потписот на Трамп ќе се појави на идната американска хартиена банкнота
Саудиска Арабија: Пресретнати и уништени три дронови
Франција стана првата земја од ЕУ што потпиша договор за „сили во посета“ со Филипините
Дронови го нападнаа најголемото пристаниште во Кувајт
Началникот на Генералштабот на Израел предупреди на недостиг од регрути
Кос: Црна Гора треба да ги забрза реформите на патот кон ЕУ
Иран: Американскиот предлог е „едностран“, но вратата кон дипломатијата е сè уште отворена
Трамп му порача на Иран да „стане сериозен пред да биде предоцна“
Ердоган: Геноцидната мрежа на Нетанјаху заслепена од омраза ја користи религијата како покритие
Анкара „внимателно“ ги следи ризиците во Црното Море поради војната меѓу Украина и Русија