| Macedonian
ВатсАп воведува нови родителски контроли за заштита на децата
Овој потег е дизајниран да им даде на семејствата поголем увид во активностите на нивните тинејџери на платформата, а воедно да одржува високо ниво на приватност за нивните лични разговори
ВатсАп воведува нови родителски контроли за заштита на децата
Родителите ќе можат да избираат кој може да ја види фотографијата на профилот на детето и кој може да го додаде во групни разговори

Соочен со зголемен притисок од владите и регулаторите да обезбеди попријателска онлајн средина за децата, ВатсАп (WhatsApp) воведува нови алатки за родителска контрола.

Овој потег е дизајниран да им даде на семејствата поголем увид во активностите на нивните тинејџери на платформата, а воедно да одржува високо ниво на приватност за нивните лични разговори.

Новиот систем им нуди на родителите низа прилагодливи опции, вклучително и примање известувања кога тинејџер ќе се придружи или ќе напушти нова група.

Покрај тоа, родителите ќе можат да управуваат со поставките за приватност на сметката на своето дете, избирајќи кој може да ја види фотографијата на профилот на своето дете и кој може да го додаде во групни разговори.

Контролата ќе се прошири и на каналите на ВатсАп, давајќи им на родителите можност да управуваат со тоа што нивните тинејџери следат таму. Кога станува збор за интегрирана вештачка интелигенција (Мета AИ), родителите ќе можат да избираат помеѓу стандардната поставка за корисници над 13 години или построгата опција „Ограничена содржина“.

И покрај овие иновации, компанијата јасно стави до знаење во своето соопштение дека родителите нема да имаат пристап до содржината на пораките.

Сите приватни разговори и повици ќе останат целосно заштитени со енкрипција од крај до крај. Поставувањето на контролите е дизајнирано да биде едноставно; родителите креираат ПИН за да ги прилагодат или исклучат опциите за следење, што е потребно за тинејџерите ако сакаат сами да ги исклучат контролите.

ВатсАп вели дека целта на овие алатки е да поттикнат отворени разговори меѓу родителите и децата за одговорно користење на апликацијата, без да се наруши приватноста.

Сепак, експертите веќе изразија одредени резерви, првенствено затоа што користењето на овие контроли е опционално.

Многумина истакнуваат дека овој потег е „доста прикладен“ за Mетa, матичната компанија на ВатсАп, бидејќи префрла дел од одговорноста на родителите и тинејџерите и го намалува притисокот врз компанијата да обезбеди ригорозна проверка на возраста.

Meта наводно се обидува да им докаже на регулаторите дека има воспоставен систем за безбедност на децата, но сè уште постои неодговорено прашање: дали доволно семејства всушност ќе ги користат овие алатки.

Промените доаѓаат во време кога глобалната дебата за заштита на децата на интернет се интензивира. Минималната возраст за користење на ВатсАп во многу земји е 13 години, иако во некои земји е повисока.

Повеќе
Јужноафриканската правничка Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир за 2026 година
Црна Гора: Уапсени пет лица во операција против руската информативна мрежа „Рибар“
Иран и САД размениле нови предлози за преговори, му рекол Пезешкијан на Путин во Туркменистан
Израел уби седум Палестинци во вчерашните напади низ Газа
Хрватска: Уапсени неколку лица под сомнение за организиран криминал и нелегално отстранување отпад
САД ќе ja емитуваат во живо егзекуција на напаѓачот од Форт Худ од стрелачки одред
Најмалку 10 загинати и 16 повредени при бунт во затвор во Мексико
Франција одговори на училишните протести со ветување за 3.000 дополнителни наставници
Извозот на Туркије во балканските земји во периодот јануари-септември речиси 19 милијарди долари
Агенти на ИЦE застрелале човек во автомобил со дете во Њујорк
Фидан: Одбранбениот пакт од Мека не дозволува напади врз други земји
Претседателите на Иран и Русија разговараа за унапредување на стратешката соработка
Мексико ќе истражува дали припадници на нарко-картели војуваат во Украина
Русија бара екстрадиција за членовите на МКС кои ги судеше во отсуство
Нетанјаху манипулирал со предупредувањата пред 7 октомври за да го заштити својот углед