Велина Стаменковиќ: Македонскиот мелос има емоција, плачам кога пеам
РЕГИОН
3 мин читање
Велина Стаменковиќ: Македонскиот мелос има емоција, плачам кога пеамМладата, талентирана уметница од Врање ја негува традиционалната музика од регионот, а особено и е драг македонскиот мелос. Плановите за иднина и се поврзани со Музичката академија во Скопје
Velina Stamenkovic

16 годишната Велина Стаменковиќ од Врање е препознатлива по своите кавери на социјалните мрежи со традиционална музика од Балканот. Таа веќе важи за музички амбасадор на регионот. Особено и е драг македонскиот мелос за кој вели дека има силна емоција.

„ Голема чест ми е што успеав да ги вратам македонските песни и тој македонски мелос и најмногу сакам да пеам македонски песни и им благодарам на сите Македонци што го препознаа тоа”, вели за ТРТ Балкан Велина Стаменковиќ која ја посетивме во Врање.

Интересен е фактот дека Велина до нејзината трета година воопшто не зборувала и како што таа раскажува прво пропеала, па потоа проговорила.

„ Пејам од своја трета година. Почнав со татко ми во црква. Му седев на колена. Јас до мојата петта година не сум зборувала. И тие се загрижиле зошто не зборувам, но на крај сум пропеала. Не сум зборувала, но сум пропеала” се присеќа Велина.

Велина е емотивна и по природа.

„Најголем проблем ми е што јас плачам. Мене секоја песна ме допира. И тогаш јас сакам да снимам и почнувам да плачам и ми треба сигурно час, два ... Татко ми доаѓа до мене, те млам, смири се, сними, па потоа плачи, но кога ќе го прочитам цел тој историјат и кога ќе ги преслушам сите изведувачи, македонска, босанска, наша врањска, српска ми покажуваат колку музиката има вредност”, објаснува

За разлика од други деца на нејзина возраст кои се одлиучуваат за популарна музика, Велина се одлучила за традиционалниот мелос.

„ Самата песна и нашата Врањска, српска, македонска имаат голема историја зад себе. И во овој период доаѓа до тоа да се забораваат. И да губат од вредноста која ја имаат. Јас имам желба тоа да го вратам меѓу луѓето, повеќе да се слуша. Да се знае што всушност вреди и што луѓето треба да слушаат. Децата кои се мое годиште, јас сум 2009, се плашат што ќе каже заедницата, што ќе каже нивното друштво. Мене тоа никогаш не ме допре. Знам дека тоа сакам да го работам. Знам дека тоа еден ден ќе оди високо. Не ми e тоа целта туку да им пренесам на луѓето, да допрaм до децата сега преку моето училишпте дека не треба да се плашат туку да го работат тоа што го сакаат” вели Велина.

Таа е ученичка во трета година во математичката гимназија во Врање, а три години посетува и музичко училиште. Паралелно е ментор по пеење на пoмладите генерации во нејзиното атеље. Вели дека успева да балансира со обврските. Популарноста си носи и свој товар.

„Во овој свет во кој сум јас не постои приватен живот. Ние сме на тоа осудени. Јас на пример имам моменти кога сакам да се повлечам и што би рекле да бидам нормална, но всушност се присетувам дека сето тоа го дал Бог и дека  Бог ме води кон тој пат и верата, а тоа со децата што го работам го балансирам. На пример наутро сум во гимназија, попладне сум во музичкото училиште, а навечер сум со нив” раскажува Велина.

Плановите за иднина на младата уметница и се врзани за музичката академија во Скопје.

„ Мојот дедо е од Куманово. Еве вам ќе ви кажам. Имам македонски корени. Дедо ми се вратил во Врање. На некој начин неговиот македонски корен се изгубил. И јас тоа сакам да го вратам низ песна и низ приказна и да одам таму и да го повратам сето тоа така да се надевам дека тоа го правам”, рече Велина.

Повеќе
Кина ја отфрла квалификацијата на САД дека Конфучиевите институти претставуваат безбедносна закана
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил
Кос: Драга Србијо, твојот глас се слушна, вратите на ЕУ се отворени
Радомир Саичиќ од Студентската листа: Ова е победа на храброста над стравот
Вучиќ го призна изборниот пораз
Србија: Студентската листа освои мнозинство во Собранието на Србија
Во Србија затворени избирачките места по изборниот ден одбележан со речиси рекордна излезност
Речиси 59.000 домаќинства и натаму без електрична енергија по бурите во Франција
Предвремени парламентарни избори во Србија: Повеќе од шест милиони гласачи избираат 250 пратеници