Европа во моментов е страна во конфликтот во Украина и затоа не може да биде посредник во решавањето на тоа прашање, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека европското оружје „директно пука“ кон Русија и дека, како што рече, не може да се апстрахира од тоа, пренесува Спутник.
Песков додаде дека мирот во Украина ќе дојде побрзо ако сите земји престанат да испорачуваат оружје на Киев.
Во овој контекст, тој позитивно ја оцени одлуката на новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, дека Будимпешта не треба да испорачува оружје на Украина.
Песков рече дека Москва може само да го поздрави ставот на секоја земја што верува дека не треба да „додава масло на огнот“.
Зборувајќи за преговорите со ЕУ, Песков оцени дека најголемата грешка на Брисел е целосното отфрлање на дијалогот со Москва, бидејќи проблемите не можат да се решат без разговори.
Тој додаде дека самиот факт што ЕУ се обидува да најде некој што би можел да започне разговор со Русија е позитивен.
Според него, во моментов во Европа нема конкретни предлози за тоа кој би можел да го води тој дијалог.










