| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Актуелната претседателка Илијана Јотова и нејзиниот кандидат за потпретседател Кирил Валчев освоиле 34,6 отсто од гласовите, додека поранешниот премиер Андреј Ѓуров и неговиот кандидат за потпретседател Георги Кандев добиле 32,7 отсто
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност

Претседателските избори во Бугарија ќе продолжат во втор круг, бидејќи ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите.

Според неофицијалните резултати на агенцијата за испитување на јавното мислење „Алфа рисрч“, објавени од Бугарската национална телевизија (БНТ), актуелната претседателка Илијана Јотова и нејзиниот кандидат за потпретседател Кирил Валчев освоиле 34,6 отсто од гласовите, додека поранешниот премиер Андреј Ѓуров и неговиот кандидат за потпретседател Георги Кандев добиле 32,7 отсто.

Излезноста во првиот круг изнесува 22,5 отсто.

Јотова и Ѓуров ќе се соочат во вториот круг, закажан за 1 ноември.

Обраќајќи им се на медиумите по затворањето на избирачките места, Јотова изрази загриженост поради ниската излезност, заблагодарувајќи им се на бугарските граѓани кои гласале и на оние што ја поддржале.

„Да се мисли дека можеме да промениме нешто во земјата без да гласаме е илузија“, рече таа.

Јотова изјави дека нејзината кампања ќе продолжи со обновени напори за поодлучно вклучување на сите бугарски граѓани. Таа, исто така, нагласи дека на Бугарија ѝ е потребно стабилно управување, наместо сојузи формирани меѓу политичките партии.

Ѓуров ја повика Јотова да учествува во јавна дебата пред вториот круг, велејќи дека на Бугарија ѝ е потребен активен претседател кој ги обединува граѓаните, наместо да ги разделува.

„Ја повикувам Јотова на отворена, искрена и цивилизирана дебата за да ги претставиме нашите ставови за тоа како би ги вршеле своите овластувања и како би постапувале кога Бугарија ќе се соочи со тешки избори“, рече тој.

Повеќе
Извештај на ОН ја обвинува Москва за воени злосторства, го користи студот како оружје
Трговијата и соработката во вселенскиот сектор во фокусот на самитот на туркиските држави во Анкара
Бурнам: Преиспитувањето на договорот за Брегзит со ЕУ може да ги обедини луѓето
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува непроменета
Бајрактар: Туркије планира да инвестира 100 милијарди долари во електроенергетската мрежа до 2040 г.
Мерц по изборите: Активно ќе ја поддржиме Србија на европскиот пат
Украина ја продолжува воената состојба до јануари 2027 година
Кина ја отфрла квалификацијата на САД дека Конфучиевите институти претставуваат безбедносна закана
Италијанските таксисти се закануваат со штрајк поради поскапите горива
Курти: Резултатите на Aлбанците на изборите во Србија се инзвонредно достигнување
Десетици повредени откако патнички автобус излета од патот во близина на Барселона, Шпанија
Пезешкијан ќе ја посети Русија за самитот за гас и ќе се сретне со Путин
Високи претставници од Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, во Иран на разговори за безбедноста
Бугарија во втор круг ќе добие претседател по рекордно ниската излезност
Лула да Силва го победи Болсонаро за четврти пат да биде претседател на Бразил