| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Почнува пробниот период за системот „Безбеден град“
Пробниот период е предвиден до 31 декември оваа година, кога возачите ќе добиваат само предупредување за сторените прекршоци, без изрекување казни, а од јануари идната година, системот ќе почне целосно да се применува.
Почнува пробниот период за системот „Безбеден град“
Почнува пробниот период за системот „Безбеден град“ / MIA

Од денес, 1 декември, стартува пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

„Во пробниот период, сторителите ќе добиваат известување за сторениот сообраќаен прекршок“, се вели во соопштението од полицијата.

Пробниот период е предвиден до 31 декември оваа година, кога возачите ќе добиваат само предупредување за сторените прекршоци, без изрекување казни, а од јануари идната година, системот ќе почне целосно да се применува.

„Сторителите на прекршоци што ќе бидат документирани преку овој систем ќе бидат санкционирани согласно одредба што ја регулира најголемата дозволена брзина на движење на возилата. Нема да има толеренација без разлика дали ќе се документира прекршок во населено место или надвор од населено место“, информираат од МВР. 

Сопствениците на возилата чие прекршување ќе биде документирано, ќе добијат СМС и маил известување со линк, на кој ќе се може да се преземе записник и платен налог. 

Од моментот на приемот, тече рок од осум дена за плаќање половина од сумата на казната. 

По истекот на тој рок, износот мора целосно да се плати во следните осум дена, пред да почне постапката за присилна наплата. Казните ќе можат да се плаќаат и електронски, а системот веднаш ќе ја известува полицијата дека глобата е платена.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Планираната арка ќе биде воен комплекс за дронови и снајперисти
Над 100.000 работници во Германија протестираат против затворањето на фабриките
Туркије и Велика Британија продолжуваат со работата на проектот за набавка на Еурофајтер тајфун
Фидан: Ердоган ќе бара ублажување на ЦAATСA и решение за С-400 во разговорите со Трамп
САД велат дека „вратата е отворена“ Иран да се врати на преговорите
ИРГК вели дека ќе ја промени „географијата на војната“ доколку повторно биде нападната
Иран го осуди Израел поради дејствувањето во Газа и на Западниот Брег во пресрет на ГСОН
Низ Ормуз поминуваат сѐ помалку бродови
Иран тврди дека собориле американски MQ-1 воен дрон
САД и Кина ги поздравуваат многу успешните разговори за трговија и ВИ пред самитот Трамп- Кси
Единствена Русија на Путин пред убедлива победа на парламентарните избори
Мицкоски на средба со Рубио: Отворениот дијалог со стратешките сојузници има голема тежина
Вучиќ: Брзата пруга Белград-Будимпешта ќе биде отворена во октомври
Ердоган пристигна во Њујорк каде ќе се обрати на Генералното Собрание на ОН
АФД победи во уште една германска покраина, ЦДУ на Мерц не го исполни ни прагот