| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сиљановска-Давкова на средбата со Руте ја реафирмира посветеноста на земјава кон НАТО
Исполнувањето на високите стандарди на Алијансата треба да послужи како пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција, рече претседателката на средбата со генералниот секретар на НАТО во Брисел
Сиљановска-Давкова на средбата со Руте ја реафирмира посветеноста на земјава кон НАТО
Таа нагласи дека земјата континуирано инвестира во модернизацијата на армијата, киберотпорноста и заштитата на критичната инфраструктура

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, со кого разговараше за ангажманот на земјата во Алијансата, колективната одбрана и регионалната и меѓународната безбедност.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на земјава кон НАТО и колективната одбрана, истакнувајќи дека сојузничкото единство и силната трансатлантска врска се темелни предуслови за безбедноста на земјите членки.

Таа ја потврди и посветеноста за достигнување на целта за издвојување средства за одбраната, во согласност со Хашкиот план, нагласувајќи дека земјата континуирано инвестира во модернизацијата на армијата, киберотпорноста, новите технологии и заштитата на критичната инфраструктура.

Според Сиљановска-Давкова, коридорите 8 и 10 не се само инфраструктурни проекти, туку и стратегиски правци што ја поврзуваат регионалната соработка со безбедносните интереси на НАТО и Европската Унија (ЕУ), особено во контекст на воената мобилност.

Претседателката изрази задоволство од сертификацијата на Лесната пешадиска баталјонска група како борбено подготвена, оценувајќи го тоа како потврда за професионалноста и капацитетите на армијата да придонесува во операциите предводени од НАТО, ЕУ и ОН.

Осврнувајќи се на искуството од членството во НАТО, таа истакна дека исполнувањето на високите стандарди на Алијансата треба да послужи како пример за доследна примена на Копенхашките критериуми во процесот на европска интеграција.

На средбата Сиљановска-Давкова ја реафирмираше и поддршката за Украина, нагласувајќи ја потребата од продолжување на политичката, воената, финансиската и хуманитарната помош, во духот на сојузничката солидарност.

Таа истакна дека сеопфатниот, праведен и траен мир мора да се темели врз меѓународното право и Повелбата на ОН, додека доследното почитување на овие принципи е неразделно од почитувањето на меѓународниот поредок.

Претседателката како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа, оствари и средба со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа.

„Ја реафирмирав посветеноста на земјата на колективната одбрана и придонесот кон безбедноста на сојузниците и истакнав дека стабилноста на Западен Балкан е неразделна од безбедноста на пошироката евроатлантска заедница. Според мене, целосната евроатлантска интеграција и членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е важен дел од безбедносната европска структура“, рече Силјановска Давкова.

Повеќе
За Венс војната во Иран е причината зошто републиканците ги загубија среднорочните избори
Првата дама на Туркије Емине Ердоган го отвори културниот центар на Институтот Јунус Емре во Сеул
Сиљановска-Давкова на средбата со Руте ја реафирмира посветеноста на земјава кон НАТО
Мицкоски: ЕУ мора да реагира,15 години сме блокирани од вештачки прашања
Кос: Отворањето на првиот преговарачки кластер останува условено со уставните измени
Ердоган се сретна со водечки јужнокорејски бизнисмени
Израел ги напаѓа градовите и пали куќи во jужен Либан
Собранието домаќин на млади истражувачки новинари
Туркије ќе го претстави памукот од Југоисточна Анадолија на COP31
Најстариот потонат брод во светот, откриен крај турскиот брег, влезе во Гинисовата книга на рекорди
Кина разговара за можна средба меѓу Си, Путин и Трамп, соопшти Пекинг
Во Србија откриени сите имиња кои ги помилува Вучиќ на крајот на мандатот
Трамп: Ако морам ќе испратам федерални сили во градовите управувани од демократи
Абдул Ел-Сајед стана првиот муслиман избран во Сенатот на САД по победата во Мичиген
Лапид: По изборите во САД, нема влада на единство со Нетанјаху