| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Илон Маск се повлече од администрацијата на Трамп
Завршува мојот предвиден ангажман како специјален владин службеник и би сакал да му се заблагодарам на претседателот за можноста да придонесам во намалувањето на непотребното трошење, напиша Маск во соопштението објавено на платформата Х
Илон Маск се повлече од администрацијата на Трамп
Повлекувањето на Маск доаѓа во време на несогласувања со претседателот Трамп околу неговиот закон за буџет и намалување на даноците, кој Маск го оцени како деструктивен за федералниот дефицит / Reuters
29 мај 2025

Милијардерот Илон Маск официјално соопшти дека се повлекува од својата улога како главен советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Завршува мојот предвиден ангажман како специјален владин службеник и би сакал да му се заблагодарам на претседателот за можноста да придонесам во намалувањето на непотребното трошење“, напиша Маск во соопштението објавено на платформата Х.

„Мисијата на ДОГЕ ќе продолжи да се зајакнува со текот на времето и ќе стане начин на функционирање низ целата Влада“, додаде тој, повикувајќи се на Одделот за ефикасност на Владата, кој го водеше од првиот ден на мандатот на Трамп.

Претставник од Белата куќа за Анадолу потврди дека Маск ја напушта администрацијата.

Одделот за ефикасност на Владата беше формиран со цел да се елиминира непотребното трошење во федералната администрација.

Оттогаш тимот на Маск укина илјадници работни места, а спорните напори за распуштање на агенции, како што е Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), како и пристапот до чувствителни податоци без надзор, предизвикаа жестоки реакции.

Повлекувањето на Маск доаѓа во време на несогласувања со претседателот Трамп околу неговиот закон за буџет и намалување на даноците, кој Маск го оцени како деструктивен за федералниот дефицит.

„Искрено, бев разочаран од предлог-законот за трошење, кој не само што не го намалува буџетскиот дефицит туку го зголемува, поткопувајќи ја работата на тимот на ДОГЕ“, изјави Маск во интервју за Си-Би-Ес што беше емитувано во неделата.

Претседателот Трамп негираше дека законот ќе го зголеми дефицитот и покрај силната критика од сопствената партија. Минатата недела тој успеа да го протурка законот низ Претставничкиот дом, каде што беше усвоен со тесно мнозинство од 215 наспроти 214.

Сега законот се упатува во Сенатот, каде што се очекува сите демократи да гласаат против, а неколку клучни републиканци сè уште се неодлучни или веќе најавија дека нема да го поддржат.

„Мислам дека сегашните кратења во законот се слаби, но сепак би го поддржал ако не го зголемува долгот“, изјави сенаторот Ренд Пол.

Тој побара од законот да се отстрани предвиденото зголемување на лимитот за државниот долг од 4 билиони долари, предупредувајќи дека „математиката не се совпаѓа“.


Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната