| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Ердоган за Курбан Бајрам испрати порака за солидарност со Газа, со критики за тиранинот Нетанјаху
Се надевам дека муслиманите ширум светот ќе се обединат против геноцидот во Газа и верувам дека тиранинот познат како Нетанјаху ќе ја научи потребната лекција од рацете на муслиманите во светот, рече турскиот претседател во празничната честитка
Ердоган за Курбан Бајрам испрати порака за солидарност со Газа, со критики за тиранинот Нетанјаху
Зборувајќи по молитвата за Курбан Бајрам во џамијата Чамлица во Истанбул, Ердоган рече дека верските празници го зајакнуваат единството и солидарноста / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата го честиташе муслиманскиот празник Курбан Бајрам, или Празникот на жртвувањето.

Во пораката, Ердоган го опиша Курбан Бајрам како „духовен благослов“ и рече дека се надева оти оваа пригода ќе донесе добрина во Туркије, турската нација, исламскиот свет и човештвото како целина.

„До сите наши браќа и сестри кои го дочекуваат овој празник со тага, болка и длабока тага во различни делови од нашата духовна географија, особено оние во Газа, им ги упатувам моите најсилни пораки за солидарност во мое име и во име на мојата нација и им го честитам поединечно Курбан Бајрам“, рече тој.

Милиони низ Туркије во средата се молеа на првиот ден од празникот.

Одделно, зборувајќи со новинарите во џамијата Чамлица во Истанбул по молитвата за Бајрам, Ердоган рече дека верските празници имаат за цел да ги зајакнат општествените врски и меѓусебната поддршка.

„Пред сè, празниците се денови на љубов, почит, единство, заедништво и солидарност“, рече тој.

Турскиот лидер рече дека ситуацијата во Газа фрли сенка врз прославите за муслиманите во Туркије и низ целиот свет.

Ердоган упати критика до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, опишувајќи го како „тиранин“ и изразувајќи надеж дека муслиманите ширум светот ќе се обединат во спротивставување на дејствијата на Израел во Газа.

„Исто така верувам дека тиранинот познат како Нетанјаху ќе ја научи потребната лекција од рацете на муслиманите во светот“, рече тој.

Туркије е еден од најгласните критичари на воената кампања на Израел во Газа, при што Ердоган постојано повикува на итен прекин на огнот, проширен пристап до хуманитарна помош и поголем меѓународен притисок врз Израел.

Неговите забелешки дојдоа во време кога муслиманите низ целиот свет го одбележуваат Курбан Бајрам во услови на континуирани тензии и хуманитарни загрижености во Газа и поширокиот Блиски Исток.

Празникот ја одбележува подготвеноста на пророкот Ибрахим, или Абрхам, да го жртвува својот син по Божја заповед, пред божествената замена со овен во последен момент.

Муслиманите жртвуваат животни во спомен на оваа интервенција и го делат месото со сиромашните и нивните роднини.

Повеќе
Фидан: Туркије и Бугарија повторно го потврдија планот за изградба на нов граничен премин
Туркије: Инвестицискиот договор со БИД останува на сила и покрај прекинот на стимулациите
Ердоган: Турската Црвена полумесечина се издвојува со глобалните хуманитарни напори
Туркије најостро ќе реагира по воениот договор меѓу Франција и Администрацијата на кипарските Грци
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар
Фидан: Соработката за гас меѓу Туркије и Бугарија е клучна за регионалната енергетска безбедност
Туркије ја осудува неоснованата клевета на геноцидниот Нетанјаху против претседателот Ердоган
Ердоган: Израелските напади во Сирија и Либан ја загрозуваат Туркије
Туркије и Саудиска Арабија потпишаа значајни договори за железница и транспорт
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Фидан: Туркије и Индија да ги стават проблемите во заграда и да се стремат кон позитивна агенда
Последниот чувар на турските чкрипливи чизми: Не сакам овој занает да исчезне
Зошто Ризе се чувствува како друг свет во Туркије
Нула отпад: Новата граматика на развојната соработка
Сердар Јилдирим преживеал полио, сега подготвува шампиони во Туркије
Фидан во Бангладеш: Туркије се залага за трајно решение за прогонетите Рохинџи
Фидан: Туркије и Јужна Кореја ветуваат подлабока стратешка соработка во клучните сектори
Туркије и Јужна Кореја ја потврдија посветеноста на продлабочувањето на стратешкото партнерство