| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
САД: Примирјето меѓу Израел и Либан продолжено за 45 дена по разговорите во Вашингтон
Објавата доаѓа и покрај континуираните израелски напади во Либан откако стапи на сила прекинот на огнот постигнат со посредство на САД
САД: Примирјето меѓу Израел и Либан продолжено за 45 дена по разговорите во Вашингтон
САД: Примирјето меѓу Израел и Либан продолжено за 45 дена по разговорите во Вашингтон / Reuters

Соединетите Американски Држави соопштија дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан ќе биде продолжен за 45 дена по она што Вашингтон го опиша како „многу продуктивни“ разговори меѓу двете страни.

„Прекинот на непријателствата од 16 април ќе биде продолжен за 45 дена за да се овозможи понатамошен напредок“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, на американската социјална мрежа X.

Објавата доаѓа и покрај континуираните израелски напади во Либан откако стапи на сила прекинот на огнот постигнат со посредство на САД.

Пигот рече дека Стејт департментот ќе го обнови каналот за политички преговори на 2 и 3 јуни.

Тој, исто така, објави дека на 29 мај во Пентагон ќе биде отворен посебен безбедносен канал, кој ќе вклучува воени делегации од двете земји.

„Се надеваме дека овие дискусии ќе го унапредат трајниот мир меѓу двете земји, целосното признавање на суверенитетот и територијалниот интегритет на двете земји и воспоставувањето вистинска безбедност по должината на нивната заедничка граница“, рече Пигот.

Изјавата следеше по третата рунда разговори со посредство на САД што се одржаа во Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот ги опиша разговорите за агенцијата Анадолија како многу позитивни, дури и над очекувањата.

Според функционер на Стејт департментот, САД беа претставени во разговорите од советникот на Стејт департментот, Мајкл Нидам, амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби, и амбасадорот на САД во Либан, Мишел Иса.

Либан беше претставен од амбасадорката Нада Хамадех Моавад и либанскиот претседателски пратеник, Сајмон Карам, рече функционерот.

Повеќе
Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев се искачи на 24
Арагчи: Иран нема доверба во САД, ќе преговараме само ако се сериозни
Медиуми: Израел се залага за продолжување на војната со Иран, разгледува опции со САД
Трамп: Нема да бидам уште многу трпелив со Иран
Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6,9 отсто
Кина вели дека „нема смисла да се продолжи“ војната со Иран додека Kси е домаќин на Трамп
Израелските сили убиле 16-годишник во окупираниот Западен Брег
Макрон: Франција во Африка е надмината од Кина, Туркије и САД
Палестина го повикува светот да ја признае Накба како „злосторство на етничко чистење“
ФБИ нуди награда од 200.000 долари за поранешна оперативка која пребегнала во Иран
Извештај на германското разузнавање предизвика контроверзии околу пропалестинските симболи
Си Џинпинг: Поставивме нова визија за односите меѓу Кина и САД
Трамп ја заврши посетата на Кина: Се согласивме дека не сакаме Иран да има нуклеарно оружје
СЗО: Ковид-19 одзеде повеќе од 22 милиони животи низ целиот свет
Најмалку 12 загинати во рускиот напад врз Киев