Астронаутите се вратија на Земјата по првата медицинска евакуација од вселенската станица

Ова е прва медицинска евакуација во историјата на МВС, но НАСА одби да го идентификува членот на екипажот со здравствен проблем, ниту даде детали за болеста велејќи дека е во стабилна состојба

By
Екипажот на Драгон Ендевор се врати безбедно на Земјата, a aстронаутите изгледаа радосни пред да бидат однесени на медицински преглед / AP

Екипажот на Драгон Ендевор се врати безбедно на Земјата откако еден од астронаутите разви медицински проблем на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Астронаутите се одвоија од МВС во капсула Кру Драгон управувана од СпејсХ, компанијата на технолошкиот милијардер Илон Маск, а Eкипажот-11 слета во Тихиот Океан покрај брегот на Калифорнија по околу 11 часа лет.

Американските астронаути Зена Кардман и Мајкл Финке, јапонскиот астронаут Кимија Јуи и рускиот космонаут Олег Платонов изгледаа радосни пред да бидат однесени на медицинска проценка.

НАСА минатата недела објави дека прво ја откажала вселенската прошетка на МВС со кратко известување поради здравствени проблеми на еден член на екипажот, пред да одлучи да го врати целиот четиричлен екипаж на Земјата пред предвиденото.

Агенцијата одби да го идентификува членот на екипажот со медицинска состојба или да даде детали за здравствениот проблем, велејќи дека членот на екипажот е во стабилна состојба.

Екипажот 11 е на МСВ од почетокот на август и требаше да остане таму уште неколку недели.

На прес-конференција, администраторот на НАСА, Џаред Исакман, рече дека екипажот е безбеден и „во добро расположение“, додавајќи дека НАСА ќе сподели новости за здравјето на засегнатиот член на екипажот „штом ќе биде соодветно да се стори тоа“.