Премиерот на Словачка, Роберт Фицо денеска објави дека синоќа работел ноќна смена во пекара како утоварувач, во знак на солидарност со работниците по повод Меѓународниот ден на трудот.
Фицо учествувал во достава на пекарски производи во градот Бановце над Бебраво во западна Словачка, каде што го придружувал возачот и извршувал физички задачи, вклучувајќи утовар и достава на печива до клиентите.
„Готово! Ноќната смена успешно зад мене, доставени се разни видови печива, завршена работа. Денес, на Денот на трудот, ќе станеме уште посвесни за вредноста на работата и чесниот занает. Горд сум што ја работам својата работа за луѓето целосно - онака како што треба да биде“, напиша Фицо на Фејсбук.
За време на ноќната смена, како што изјави, имал можност да разговара со клиентите кои ја подигнале стоката, но и со возачот за различни теми, од спорт до политика.
„Уште едно добро искуство“, рече Фицо, истакнувајќи дека работата на утоварувачот е напорна и физички напорна.
Денеска, 1 мај, е Меѓународниот ден на трудот.













