| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Почнува Европско првенство во ракомет 2026
За „црвено-жолтите“ ова ќе биде деветто учество на еден евро-шампионат. Најдобар пласман репрезентативците го имаа на Европското првенство 2012 година во Србија кога го освоија 5. место.
Почнува Европско првенство во ракомет 2026
Почнува Европско првенство во ракомет 2026 / AA

Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе се трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали.

Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова е второ ЕП што ќе се игра во три земји, по првенството во 2020 година.

На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации, по четврти пат откако беше воведен проширениот формат на натпреварувањето. Трите домаќини – Данска, Норвешка и Шведска – обезбедија директен пласман, како и Франција, актуелниот европски шампион, додека преостанатите селекции го освоија своето место преку квалификациите што траеја од јануари 2023 до мај 2025 година.

Натпреварите ќе се играат во неколку градови домаќини, а финалето на Европското првенство е закажано во Хернинг (Данска).

Репрезентациите се поделени во шест групи од по четири екипи, по што ќе следат главната рунда, полуфиналето и натпреварите за медали.

Покрај борбата за титулата европски шампион, ЕХФ Евро 2026 има и дополнително натпреварувачко значење, бидејќи првенството ќе служи како квалификациски турнир за Светското првенство во ракомет во 2027 година, кое ќе се игра во Германија, како и за следните големи меѓународни натпреварувања.

Титулата ја брани Франција, која на претходното Европско првенство ја победи Данска во финалето со резултат 33:31 по продолженијата, во еден од највозбудливите завршници во историјата на ова натпреварување.

На ЕП 2026 учествува и македонската репрезентација. За „црвено-жолтите“ ова ќе биде деветто учество на еден евро-шампионат. Најдобар пласман репрезентативците го имаа на Европското првенство 2012 година во Србија кога го освоија 5. место.

Својот прв настап избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го имаат утревечер (20:30 часот) против кодомаќинот Данска. Во групата Б се и селекциите на Португалија и Романија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Хернинг. 

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Фудбалерите на БиХ за првпат во историјата обезбедија пласман во нокаут фазата на Мундијалите
Невиден интерес од инвеститори, вклучително и од Туркије, за проектот НБА Европа
Џереми Доку се враќа во кампот на Белгија по раѓањето на првото дете
Норвешките навивачи организираат викиншка претстава со веслање на Тајмс Сквер за време на СП
Победниците на Светското првенство не го добиваат оригиналниот трофеј, туку реплика
Еколошкото влијание на Мундијалот: Најголемиот турнир на ФИФА може да стане и најзагадувачки
Англија со 4:2 ја победи Хрватска во еден од најдинамичните натпревари на Светско
Моќно деби на Халанд и убедлива победа на Норвешка на Мундијалот
Меси го достигна рекордот за најмногу голови на Светските првенства
ФИФА: Нема докази за прекршување на правилникот од страна на ВАР-судијата Шон Еванс
Медиумскиот персонал на иранската репрезентација нема да патува на СП откако не доби визи за САД
СП 2026: Босна и Херцеговина долго водеше, но Канада извлече реми
Мексико со победа против ЈАР го отвори Мундијаот
Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид
Светското првенство во фудбал официјално отворено во Мексико Сити
Џеко на Мундијалот ќе носи копачки од македонскиот дизајнер Грабулоски
Омерагиќ: Во Сараево и Истанбул бевме пречекани феноменално
Без виза, без вувузела? Навивачите и службените лица на Мундијалот соочени со поинакви квалификации
Поранешниот шеф на УЕФА, Платини, поднесе тужби против ФИФА и Инфантино
Кои Македонци настапиле на Светско првенство во фудбал?