| Macedonian
„Тојота“ ја задржа титулата најпродаван светски производител на автомобили за првата половина од годината
Глобалната продажба на возила на „Тојота“ се зголеми за 7,4% на годишно ниво во првата половина од годината.
„Тојота“ ја задржа титулата најпродаван светски производител на автомобили за првата половина од годината
„Тојота“ ја задржа титулата најпродаван светски производител на автомобили за првата половина од годината / AA
31 јули 2025

„Тојота мотор“ ја задржа титулата најпродаван производител на автомобили во светот шести пат, со 5,5 милиони продажби во периодот јануари-јуни 2025 година, покажуваат објавените финансиски резултати на компанијата.

Глобалната продажба на возила на „Тојота“ се зголеми за 7,4% на годишно ниво во првата половина од годината.

Оваа бројка за првата половина од годината претставува највисок број на продажба за јапонската компанија на глобално ниво досега.

Домашната продажба се искачи за 27,4% на еден милион возила, а продажбата во странство се зголеми за 3,6% на 4,5 милиони единици.

Бројките за продажба на возила ја вклучуваат и продажбата на производителот на мини автомобили „Даихатсу“ и производителот на пикап камиони „Хино“, кои се дел од групацијата „Тојота мотор“.

Во шестмесечниот период продажбата на „Тојота“ во САД се зголеми за 4,2% на 1,24 милиони единици, а во Кина продажбата се зголеми за 6,8% на 837.744 единици.

Со овие резултати компанијата го надмина својот најблизок конкурент, Фолксваген АГ.

Фолксваген АГ ја зголеми глобалната продажба на возила за 1,3% на 4,41 милиони единици во периодот јануари-јуни 2025 година во споредба со првата половина од 2024 година.

Повеќе
Непал гласа на првите избори откако протестите предводени од младите ја соборија владата на Оли
Нетанјаху: Израел и САД постигнаа „историски придобивки“ против Иран
Грчките сили распоредија систем за воздушна одбрана „Патриот“ на островот Карпатос
Нови израелски напади врз Техеран, експлозии се слушаат во главниот град на Иран
ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените
Зеленски: Мировните разговори меѓу Украина и Русија се во прекин поради конфликтот во Иран
Арагчи за потопувањето на Дена: САД извршија злосторство на море, над 3.000 км од бреговите на Иран
Петмина загинати во израелски напади во северен и јужен Либан
Путин: Русија би можела целосно да се повлече од европскиот пазар на гас
Иран ги напаѓа базите на иранските курдски опозициски групи во северен Ирак
Сенатот му даде зелено светло на Трамп да ја продолжи војната
Мицкоски: Очекувам Ердоган напролет да дојде во Скопје
Туркије до Иран: Избегнувајте потези што ќе предизвикаат ескалација
Бела куќа: Копнени трупи не се дел од планот за операцијата во Иран
Арпагуш испрати порака за единство, заедништво и братствo на ифтарската вечера во Скопје