Најмалку 20 лица загинале во пожар во зграда во Џакарта
Пожарот избувнал во деловната зграда на Тера Дрон Индонезија, која обезбедува услуги со беспилотни летала за аерофотографирање во сектори од рударство до земјоделство
Најмалку 20 лица загинале во пожар во седумкатна зграда во главниот град на Индонезија, Џакарта, а некои луѓе се уште се заробени внатре, објави јавниот сервис Компас ТВ.
Пожарот избувнал во деловната зграда на Тера Дрон Индонезија, која обезбедува услуги со беспилотни летала за аерофотографирање во сектори од рударство до земјоделство, објави Ројтерс.
Компанијата е дел од јапонската корпорација Тера Дрон, според информациите на нејзината веб-страница.
Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот, но спасувачките операции се уште се во тек.
Снимките емитувани на Компас ТВ покажуваат десетици спасувачи како ги евакуираат вработените.
Причината за пожарот во моментов е непозната, а истрагата е во тек.