| Macedonian
Гугл ќе плати отштета од 425,7 милиони долари за шпионирање на паметни телефони во САД
Одлуката на судот во Сан Франциско следеше по судењето во групна тужба во која се опфатени околу 98 милиони паметни телефони во САД меѓу јули 2016 година и септември 2024 година
Гугл ќе плати отштета од 425,7 милиони долари за шпионирање на паметни телефони во САД
Вкупната отштета досудена во пресудата е околу четири долари по уред / Reuters

Американски федерален суд му наложи на Гугл да плати 425,7 милиони долари за нелегално шпионирање на паметните телефони на луѓето речиси една деценија.

Одлуката на федералниот суд во Сан Франциско во среда следеше по повеќе од две недели судење во групна тужба во која се опфатени околу 98 милиони паметни телефони во Соединетите Американски Држави помеѓу 1 јули 2016 година и 23 септември 2024 година, објави Ројтерс.

Со тоа, вкупната отштета досудена во петгодишниот случај изнесува околу 4 долари по уред.

Гугл негираше дека неправилно ги следел онлајн активностите на луѓето, кои мислеле дека се заштитиле со контроли за приватност.

Компанијата стоеше зад својот став, иако осумчлена порота утврди дека Гугл ги шпионирал корисниците, кршејќи ги законите за приватност на Калифорнија.

„Оваа одлука погрешно го разбира начинот на кој функционираат нашите производи и ние ќе се жалиме“, изјави денес портпаролот на Гугл, Хозе Кастанеда.

Тој додаде дека алатките за приватност на Гугл им даваат на луѓето контрола врз нивните податоци.

„И кога ќе ја исклучат персонализацијата, ние го почитуваме тој избор“, рече Кастанеда.

Адвокатите кои ја поднесоа тужбата тврдеа дека Гугл ги користел податоците што ги собрал од паметните телефони без дозвола од корисниците за да продава реклами прилагодени на нивните индивидуални интереси.

Стратегијата резултираше со милијарди долари дополнителни приходи за компанијата.

Адвокатите ја окарактеризираа продажбата на реклами како нелегално профитирање и сметаат дека тоа заслужува повеќе од 30 милијарди долари отштета.

Иако поротата дојде до многу пониска проценка на штетите, еден од адвокатите кои ја поднесоа тужбата против Гугл го поздрави исходот како победа за приватноста.

Повеќе
Туркије и Катар се стремат кон 5 милијарди долари билатерална трговија
Израел убил над 21.500 деца од почетокот на војната во Газа
САД ја отстранија Сирија од листата на држави спонзори на тероризмот
Зеленски: Војната во Украина мора да е доволно болна за да се поттикне Русија на мировни преговори
Трамп: Иран е во целосен распад
Грција планира база за беспилотни летала на Родос
Зеленски: Украина сака мир, но нема да ѝ попушти на Русија по секоја цена
Туркије одбележува годишнина од прекуграничната воена антитерористичка операција против ДЕАШ
Одложено судењето за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот
САД ги откажуваат заедничките поморски вежби со Јужна Кореја
Туркије ја зајакнува трговската интеграција со исламските земји
Кинескиот премиер Ли е домаќин на јорданскиот крал Абдула во Пекинг
Активни четири пожари и четири под контрола
Израелската армија во тригодишната војна потрошила муниција како за 30 години