| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Фон дер Лајен: Европа целосно ќе ги поддржи закрепнувањето и обновата на Сирија
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ја придружуваше Фон дер Лајен на средбата со сириските претставници во Дамаск, изјави дека посетата на ЕУ покажува континуирана поддршка за сирискиот народ
Фон дер Лајен: Европа целосно ќе ги поддржи закрепнувањето и обновата на Сирија
По децении страв и молк Сиријците започнаа долго патување кон надеж и обнова, изјави дер Лајен / Reuters

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес на средбата со сириското раководство за време на нејзината посета на Дамаск вети целосна поддршка од Европа за закрепнувањето и обновата на Сирија.

„По децении страв и молк Сиријците започнаа долго патување кон надеж и обнова. Европа ќе направи сè што може за да ги поддржи закрепнувањето и обновата на Сирија“, напиша Фон дер Лајен на американската платформа за социјални медиуми X.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој ја придружуваше Фон дер Лајен на средбата со сириските претставници, меѓу кои и со претседателот Ахмед ал-Шара, изјави дека посетата на ЕУ покажува „континуирана поддршка за сирискиот народ“.

„По многу години војна и страдање, падот на режимот на Ал-Асад конечно му донесе надеж на сирискиот народ. Сè уште има долг пат пред вас, но веќе ги направивте првите чекори“, рече тој.

Посетата следува по зголемениот ангажман на ЕУ со новото раководство на Сирија. Во јуни 2025 година комесарката на ЕУ за Медитеранот, Дубравка Шуица, ја посети Сирија и изјави дека блокот сака да ја види земјата стабилна и просперитетна под нејзината нова власт.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, во мај, исто така, објави укинување на економските санкции воведени за поранешниот режим.

Башар ал-Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, избега во Русија, со што заврши режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година. Во јануари 2025 година беше формирана нова преодна администрација предводена од Ал-Шара.

Повеќе
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа
Трамп ќе замрзнува ирански средства за надомест на штетите во Ормутскиот Теснец
Кина и АСЕАН повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток