Фидан се сретна со сирискиот претседател Ал-Шара во Анталија
Според информациите од дипломатски извори, Фидан го прими Ал-Шара, кој престојува во посета на Анталија, непосредно пред почетокот на Дипломатскиот форум
Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, се сретна со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара во јужниот турски туристички град Анталија, јавува Анадолу.
Според информациите од дипломатски извори, Фидан го прими Ал-Шара, кој престојува во посета на Анталија, непосредно пред почетокот на Дипломатскиот форум во Анталија (АДФ).
Петтото издание на форумот „АДФ 2026“ официјално започнува денес, со учество на шефови на држави и влади, министри за надворешни работи и претставници на меѓународни организации.
Настанот се одржува под покровителство на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, а во организација на Министерството за надворешни работи. Оваа година тема на форумот е „Проектирање на иднината, управување со неизвесностите“ и ќе трае до недела.