Хегсет: Америка решително ќе го порази Иран под водство на претседателот Трамп

„Стојам пред вас со една недвосмислена порака за операцијата и безбедносните напори. Америка победува решително, разорно и без милост, под директна команда на претседателот Доналд Трамп“, изјави Хегсет

By
Хегсет: Америка решително ќе го порази Иран под водство на претседателот Трамп / AP

Американскиот секретар за војна Пит Хегсет изјави дека Иран не може да ги надвладее САД, сигнализирајќи проширување на воената кампања по координираните напади со Израел кои започнаа на 28 февруари.

„Стојам пред вас со една недвосмислена порака за операцијата и безбедносните напори. Америка победува решително, разорно и без милост, под директна команда на претседателот Доналд Трамп“, изјави Хегсет на прес-конференција заедно со претседателот на Здружениот штаб, генерал Ден Кејн.

„Следуваат нови и поголеми бранови. Ние штотуку започнавме. Забрзуваме, не забавуваме“, рече Хегсет.

Генералот Кејн изјави дека САД погодиле повеќе од 2.000 цели и уништиле над 20 ирански поморски пловила, вклучително и една подморница.

„Сега ќе започнеме да се прошируваме кон внатрешноста, напаѓајќи сѐ подлабоко на иранска територија и создавајќи дополнителна слобода за маневрирање на американските сили“, додаде Кејн.