| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Радман: Хрватската дипломатија никогаш не била попредизвикувачка
„Таа тема е исполитизирана. Хрватска ја доби татковинската војна, сите обвинувања кои сега доаѓаат од Србија се исполитизирани”, изјави Радман.
Радман: Хрватската дипломатија никогаш не била попредизвикувачка
Во Загреб се одржува Конференцијата на амбасадорите,генералните конзули и воeните претставници на Хрватска со претставници на хрватската дипломатија, членови на владата и други гости.     Фото: АА / AA
25 август 2022

Во Загреб се одржува Конференцијата на амбасадорите,генералните конзули и воeните претставници на Хрватска со претставници на хрватската дипломатија, членови на владата и други гости.

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман во изјава по воведниот дел на конференцијата, порача дека хрватските дипломати добиле инструкции за понатамошната работа.

„Позицијата на хрватската диплматија никогаш не била попредизвикувачка од денес во изменетото геополитичко опкружување”, изјави Радман.

Тој го повтори официјалниот став на Владата на Хрватска за обвинувањата кои од Србија се упатени кон хрватските команданти и пилоти поради возудшното ракетирање на колоните бегалци во војната во деведесеттите години.

„Таа тема е исполитизирана. Хрватска ја доби татковинската војна, сите обвинувања кои сега доаѓаат од Србија се исполитизирани. Хаг го кажа своето, воената операција „Олуја“ беше чиста и оправдана како солза и тука нема никакви спорни теми”, изјави Радман.

Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) во Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, кој исто така беше на средбата во изјавата се осврна на изборниот закон во Босна и Херцеговина. Човиќ оцени дека темата за негова измена веќе две години е на маса, но се уште без постигнат договор за измена.

Човиќ ги коментираше досега донесените одлуки на високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит и порача дека во истиот пакет требале да бидат донесени и одлуките во врска со Претседателството на БиХ и изборот за Домот на народите на БиХ.

„Очекувам дека високиот претставник ќе ја заврши таа работа. До општите избори во Босна преостануваат уште шест денови”, истакна Човиќ.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири