| Macedonian
СПОРТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Од каде во регионот ќе стигнете најевтино на СП во фудбал во Катар?
Многу фудбалски фанови од Балканот се меѓу оние кои веќе обезбедија билети за натпреварите на првенството. Сепак оние кои ќе патуваат во Катар ќе треба да издвојат одредена сума и за авионски билет и за сместување.
Од каде во регионот ќе стигнете најевтино на СП во фудбал во Катар?
Од каде во регионот ќе стигнете најевтино на СП во фудбал во Катар?     Фото: АП / AP
26 август 2022

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекувааат претстојното светско првенство кое од 20 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар. По повеќе работи специфично, ќе се игра во зима, на ултрамодерни стадиони, организаторите издвоија рекордни суми за подготовките.

Многу фудбалски фанови од Балканот се меѓу оние кои веќе обезбедија билети за натпреварите на првенството. Сепак оние кои ќе патуваат во Катар ќе треба да издвојат одредена сума и за авионски билет и за сместување.

Во продолжение ќе прочитате од каде најевтино, а од каде најскапо ќе ве чини авионскиот билет од 20 до 29 ноември кога се игра мечот кој ќе го отвори првенството и натпреварите од групата А. Со исклучок за Белград и Загреб каде се опфатени и термините во кои играат и репрезентациите на Србија и Хрватска. Под услов сега да ги резервирате билетите.

Од Скопје до Доха и назад за 910 евра

Ако патувате од Скопје за повратен билет за едно лице ќе треба да издвоите 910 евра (56.095 денари). Тоа е најдобрата понуда која ја посочува пребарувачот „Skyscanner“. Патувањето од Скопје до Доха трае 6 часа и 45 минути, а до Доха до Скопје 7 часа и 30 минути. И во двете насоки ќе имате по едно застанување во Истанбул.

Од Белград со помали трошоциПатувањето од Белград е поевтино отколку од Скопје. Цената на повратен билет е 806 евра. Летот и од Белград и од Доха 5 часа. Поволноста е во тоа што немате застанувања. Едно евро помалку односно 805 евра ќе ве чини повратен билет од 24 ноември до 2 декември кога репрезентацијата на Србија ги игра натпреварите во групата.

Директни летови од Загреб

Хрватските навивачи за да ја гледаат нивната репрезентација која ги игра натпреварите од 23 ноември до 1 декември за лет од Загреб до Доха ќе треба да платат 710 евра. Се лета по 5 часа и 15 минути односно по 5 часа и 50 минути. Погодноста е што летовите се директни.

Навивачите од оваа земја ќе треба да платат иста цена ако сакаат да присуствуваат во Катар од 20 до 29 ноември.

Од Сараево до Доха со повратен билет

Доколку се одлучите од Сараево да летате до Катар за повратен билет ќе треба да издвоите 779 евра. Летот до Доха трае 7, а до Сараево 9 часа и 15 минути со едно застанување во Истанбул.

Подгорица со најскап лет

Црна Гора нуди најскапи летови. Од Подгорица до Катар и назад ќе патувате за 923 евра. Патувањето трае 7 часа и 15 минути и 7 часа и 45 минути со едно застанување во Истанбул.

Од Приштина за околу 800 евра

Цените од приштинскиот аеродром се 802 евра за повратен билет. Летот трае 7 часа 15 минути до Доха и 7 часа и 45 минути до Подгорица. Застанувањето исто така е во Истанбул.

За лет од Тирана до Доха ќе ви требаат 829 евра

Фудбалските фанови од Тирана за повратниот билет ќе треба да издвојат 829 евра. Ќе патуваат девет и пол односно десет часа.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Туркије: Меѓународната заедница мора да преземе чекори против загрозувачките постапки на Израел
ЕУ го казни X на Илон Маск со 120 милиони евра за прекршување на обврските за транспарентност
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Нарачките од германските фабрики се зголемиле над очекувањата
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата