| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Почина Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз
Смртта на Горбачов ја потврди московската Централна клиничка болница која соопшти дека по тешка и долга болест, на 92-годишна возраст почина последниот претседател на Советскиот сојуз.
Почина Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз
Смртта на Горбачов ја потврди московската Централна клиничка болница која соопшти дека по тешка и долга болест, на 92-годишна возраст почина последниот претседател на Советскиот сојуз.     Фото: АА (Архива) / AA
30 август 2022

Поранешниот претседател на Советскиот сојуз, Михаил Горбачов, почина на 92-годишна возраст.

„Вечерва по тешка и долга болест, почина Михаил Сергејевич Горбачов“, соопшти московската Централна клиничка болница.

Горбачов е роден во 1931 година, во селско семејство. Направи успешна кариера во Комунистичката партија и беше на чело на Советскиот Сојуз од 1985 до 1991 година.

Горбачов најави политика на „перестројка“ (реструктуирање), замислена како транзиција кон подемократска и послободна земја, но таа доведе до распад на Советскиот Сојуз.

Во 1990 година, Горбачов доби Нобелова награда за мир поради својата водечка улога во мировните процеси на тогашниот свет и завршување на Студената војна. Во соопштението на Нобеловиот комитет нагласена е и неговата улога во водењето на советското општество кон поголема отвореност.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири