| Macedonian
РЕГИОН
4 МИН ЧИТАЊЕ
Вучиќ на средби со Пич и Тарнер со фокус на ЕУ и дијалогот Белград-Приштина
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во разговор со специјалниот пратеник на Велика Британија, Стјуарт Пич изјави дека Србија инсистира на зачувување на мирот.
Вучиќ на средби со Пич и Тарнер со фокус на ЕУ и дијалогот Белград-Приштина
Пич му се заблагодарил на Вучиќ за неговата посветеност на дијалогот меѓу Белград и Приштина   Фото: АА / Others
31 август 2022

Европските аспирации на Србија како и дијалогот Приштина-Белград беа во фокусот на разговорите за време на одвоените средби што ги имаше српскиот претседател Александар Вучиќ со специјалниот пратеник на Велика Британија Стјуарт Пич и и со американскиот конгресмен Мајкл Тарнер. Вучиќ и Пич во Белград дискутираа за актуелните светски и регионални прашања, дијалогот меѓу Белград и Приштина и односите меѓу двете земји.

Пич му се заблагодарил на Вучиќ за неговата посветеност на дијалогот меѓу Белград и Приштина и ги поддржал европските аспирации на Србија, нагласувајќи дека е неопходно дополнително да се унапредуваат човековите права и да се работи на реформите во различни области, се вели во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател.

Вучиќ истакна дека Србија инсистира на зачувување на мирот, целосната стабилност и безбедност, особено за Србите на Косово и дека прави големи напори да постигне одржлив дијалог со Приштина и компромис, без наметнати решенија.

Зборувајќи за актуелната енергетска криза, Пич рече дека Велика Британија е подготвена да соработува со Србија на полето на енергетската безбедност и нејзиното подобрување.

Вучиќ рече дека оваа година се навршуваат 185 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и дека Србија е посветена на интензивирање на српско-британската соработка, особено на економската соработка, која има многу неискористени можности.

Средба Вучиќ - Тарнер: Србија се залага за најзначајна соработка со САД

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград разговараше и со американскиот конгресмен Мајкл Тарнер за Косово, но и за Босна и Херцеговина.

Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот, Вучиќ рече дека Србија вложува огромни напори во дијалогот со Приштина и дека тоа е единствениот правилен начин да се постигне одржлив договор и да се решат кризните ситуации „предизвикани од едностраните потези на владата таму“.

Тој нагласи дека Србија го почитува Дејтонскиот договор и интегритетот на Босна и Херцеговина, вклучително и интегритетот на Република Српска во рамките на БиХ.

Конгресменот рече дека го цени лидерството на Вучиќ и неговата улога во одржувањето на мирот и стабилноста во регионот, како и дека е импресиониран од економските резултати на Србија, се вели во соопштението.

Тарнер рече дека секогаш кога доаѓа во Србија е видлив поблизок пристап кон Европската унија и ја пофали иницијативата Отворен Балкан.

Вучиќ им се заблагодари на САД за континуираната поддршка на патот на Србија кон полноправно членство во ЕУ.

Тој, исто така, истакна дека Србија е посветена на што е можно позначајна соработка со САД и на подобрување на односите меѓу двете земји и истакна дека размената на стоки меѓу двете земји е на рекордно ниво и ќе надмине 1,2 милијарди долари.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан
Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Сиљановска-Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ
Економската соработка и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Мицкоски-Орбан во Будимпешта
Вучиќ: Ја поддржувам одлуката на Милановиќ за откажување на самитот Брдо-Бриони
Вучиќ прогласи победа на локалните избори: Благодарност до Србија за довербата
Мртва буква на хартија
Караман, заштитена раса, македонска гордост и жив симбол
Во Охрид се одржува Интерпарламентарен форум на делегациите од ЈИЕ во ПС на ОБСЕ
Нето надворешниот долг на крајот на минатата година бил поголем за 102 милиона евра
Кос: Црна Гора треба да ги забрза реформите на патот кон ЕУ
Дурмиши: Нема индиции за енормни поскапувања, инспекциски контроли спроведуваат засилен надзор
Уставниот суд на Косово го поништи указот на претседателката Османи за распуштање на Собранието
Потпишан Меморандум за соработка со технолошкиот гигант Оракл
Сиљановска- Давкова: Околу 80% од македонските граѓаните не сакаат да се менува Уставот
Мицкоски: Армијата ја засилува мобилноста, 17-те нови оклопни возила „страјкер“
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“