Грција потпиша договор за набавка на 16 противбродски ракети од Франција

Атина најави дека ќе купи четврта фрегата и крстосувачки ракети од Франција, како дел од планираната одбранбена распределба од 25 милијарди евра до 2036 година за модернизација на оружјето

Договорот за купување ракети „Ексоцет“ го потпишаа во Атина министрите за одбрана на Грција и Франција Дендијас и Лекорни / AP

Грција потпиша договор за набавка на 16 противбродски ракети од Франција, изјави денеска грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас.

Договорот за купување ракети „Ексоцет“ од француско производство го потпишаа во Атина Дендијас и францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни, објави Ројтерс, наведувајќи дека цената на ракетите не е соопштена.

Почнувајќи од 2021 година, кога потпиша одбранбен пакт со Франција, Грција се согласи да купи три француски фрегати и повеќе од 20 борбени авиони Рафал.

Покрај тоа, Грција најави дека ќе купи четврта фрегата и крстосувачки ракети од Франција, како дел од планираната одбранбена распределба од 25 милијарди евра до 2036 година за модернизација на оружјето.