Сензација во Милано: Бодо го исфрли Интер од Лигата на шампиони

Пласман во осминафиналето на ЛШ обезбедија и Атлетико, кој славеше против Бриж, Њукасл, кој го победи Карабах и во реваншот и Баер Леверкузен по мечот без голови против Олимпијакос, но имаше два гола предност од првиот меч во Грција

By
Норвешкиот Бодо Глимт го победи Интер, актуелниот европски вицешампион, со вкупен резултат од 5:2 / Reuters

Норвешкиот тим Бодо Глимт го елиминираше минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите, Интер Милан, откако го победи во двата натпревари од плејофот за осминафиналето.

Бодо победи со 3:1 во првиот натпревар, а во вторник во Милано победи со 2:1 во сензационална победа за импресивниот тим на Кјетил Кнутсен, кој ги победи и Манчестер Сити и Атлетико Мадрид во групната фаза.

Интер на Џузепе Меаца имаше дури 30 шута кон голот на Бодо/Глимт, но фудбалерите на Кристијан Киву не беа ефикасни, а тоа гостите знаеја да го казнат.

Хауге во 58-та минута донесе водство за Бодо/Глимт, а по еден смртоносен противнапад Хакон Евјен зголеми на 0:2 во 72-та минута.

Алесандро Бастони постигна почесен гол за Интер во 76-та минута, но беше предоцна за да се стори било што околу пласманот понатаму.

Бодо во осминафиналето ќе игра против Спортинг Лисабон или Манчестер Сити..

Атлетико Мадрид не греши двапати. Имаше водство против Клуб Бриж во Белгија, но го испушти за конечни 3:3, ама затоа на вечерашниот дуел во Шпанија славеше со убедливи 4:1 и го трасираше патот во осминафиналето на Лигата на шампионите. Таму ќе игра против Ливерпул или Тотенхем.

Блескаше Александер Сорлот, кој беше стрелец на хет-трик. Норвежанецот го отвори резултатот во 23-тата минута, а Клуб Бриж израмни преку Жоел Ордонез во 36-тата минута.

Џони Кардосо на почетокот на вториот дел обезбеди нова предност за Атлетико, а потоа во финишот Сорлот постигна уште два гола за конечни 4:1.

Њукасл го победи Карабах и во реваншот со 3:2, а Баер Леверкузен одигра 0:0 против Олимпијакос дома, но имаше два гола предност од првиот меч во Грција.

Противник на Њукасл во осминафиналето ќе биде Барселона или Челзи, додека Баер ќе игра со Баерн или Арсенал.

Утре се играат реванш мечевите од плеј-офот:

Аталанта - Борусија (0:2)

Јувентус - Галатасарај (2:5)

ПСЖ - Монако (3:2) и

Реал - Бенфика (1:0)