| Macedonian
СВЕТ
4 МИН ЧИТАЊЕ
Ердоган го повика Путин да даде шанса на преговорите за војната во Украина
Ердоган ја повторил подготвеноста на Туркије да игра улога на олеснувач со цел да помогне да се стави крај на војната во Украина
Ердоган го повика Путин да даде шанса на преговорите за војната во Украина
За време на разговорот, Ердоган, исто така, изразил задоволство поради успешната размена на затвореници помеѓу Москва и Киев     Фото: АА / AA
30 септември 2022

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор во четвртокот го повика рускиот претседател Владимир Путин да им даде уште една шанса на преговорите за војната во Украина.

Според соопштението на Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство, Ердоган ја повторил подготвеноста на Туркије да игра улога на олеснувач со цел да помогне да се стави крај на војната во Украина и го повикал неговиот руски колега Владимир Путин да им даде уште една шанса на преговорите со Украина.

За време на разговорот, Ердоган, исто така, изразил задоволство поради успешната размена на затвореници помеѓу Москва и Киев, како и функционалноста на договорот за извоз на жито склучен во Истанбул.

Продолжувањето на договорот за извоз на жито е од заеднички интерес, рече турскиот претседател за механизмот за извоз на жито кој истекува во ноември, и додаде дека продолжуваат напорите и за извоз на руско жито и ѓубрива.

Ердоган укажа на потребата од преземање чекори за намалување на тензиите во регионот и истакна дека се очекува Русија да преземе чекори, особено во врска со прашањето на анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Керсон и Запорожје.

Во украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск и деловите на Запорожје и Керсон кои се под руска контрола одржани беа референдуми од 23 до 27 септември за припојување кон Русија.

Руското Министерство за надворешни работи во средата соопшти дека над 98 отсто гласале за припојување кон Русија.

Референдумите беа осудени од меѓународната заедница, а европските земји и САД ги нарекоа „лажни“ и референдуми кои нема да бидат признаени.

Истекувањата од „Северен тек“ претставуваат „меѓународен тероризам“

Путин во разговорот му рекол на Ердоган дека истекувањата од „Северен тек“ се „чин на меѓународен тероризам“ и потсетил дека Русија го става ова прашање на итна дискусија во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), се вели во соопштението на Кремљ.

Во средата, руските власти отворија случај за „меѓународен тероризам“ поради неодамнешното истекување на гас од гасоводот „Северен тек“.

Потврдени беа четири истекувања од гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ под Балтичкото Море.

Гасоводот „Северен тек 2“, во сопственост на Русија, кој започнува од Русија и поминува под Балтичкото Море до Германија, беше изграден за да го удвои волуменот на гас.

Меѓутоа, штом заврши изградбата, Германија одлучи да ги прекине активностите, по почетокот на руската војна против Украина во февруари.

Москва го запре протокот на гас во гасоводот „Северен тек 1“ на 31 август.

Рускиот претседател во телефонскиот разговор ја изрази својата благодарност за улогата на Туркије за извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море.

„Двајцата лидери исто така се договорија и за продолжување на руско-турскиот дијалог во различни формати“, се додава во соопштението.

Туркије, ОН, Русија и Украина на 22 јули потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море, кој беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари. Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан