| Macedonian
РЕГИОН
2 МИН ЧИТАЊЕ
Вучиќ: Србија останува на европскиот пат, но сама донесува одлуки
Тема на разговорите на Вучиќ и претставниците на ЕП беше и посветеноста на Србија на европскиот пат и правецот во кој ќе оди политиката на земјата во однос на прашањето на усогласувањето со европската политика.
Вучиќ: Србија останува на европскиот пат, но сама донесува одлуки
Вучиќ: Србија останува на европскиот пат, но сама донесува одлуки     Фото: АА / AA
30 септември 2022

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ се состана со претставниците на Европскиот парламент (ЕП) во меѓупартискиот дијалог, известувачот на ЕП за Србија Владимир Билчик и членот на Делегацијата на Одборот на ЕП за стабилизација и придружување на ЕУ Матјаж Намец, со кои разговараше за ситуацијата во регионот и другите актуелни прашања.

Тема на разговорите на Вучиќ и претставниците на ЕП беше и посветеностна на Србија и правецот во кој ќе оди политиката на земјата во однос на прашањето на усогласувањето со европската политика.

„Претседателот Вучиќ уште еднаш ја повтори добро познатата позиција на Србија и истакна дека нашата земја останува на европскиот пат, но како независна и суверена земја која сама донесува одлуки кои се однесуваат на нејзините државни и национални интереси“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Претставниците на ЕП ја изразија спремноста да го продолжат процесот на меѓупартискиот дијалог со Народното собрание на Република Србија.

Исто така, уште еднаш го повторија барањето Србија да воведе санкции на Руската Федерација, како и поголема усогласеност на нашата земја со политиката на ЕУ од областа на човековите права и мигрантските движења“, соопштено е од Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Се истакнува дека претседателот на Србија „на недвосмислен“ начин ја објаснија позицијата на таа земја во однос на сите спомнати прашања.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Советот за безбедност на ОН ги осуди израелските напади врз мировниците од УНИФИЛ во Либан
Стареењето во Швајцарија се продлабочува: Населението над 65 години за првпат ги надминува младите
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната