| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Мерка за штедење во Франција: Зимски јакни за учениците
Според градоначалникот на градот Периер, за јакните ќе бидат потрошени околу 6.000 евра, а со оваа мерка ќе се придонесе за заштеда на 10 отсто од трошоците за енергија односно 20 000 евра
Мерка за штедење во Франција: Зимски јакни за учениците
Греењето во јавните објекти во Периер ќе биде до 19 степени     Фото: АА / AA
3 октомври 2022

Францускиот град Периер во Нормандија ќе им подели зимски јакни на учениците бидејќи оваа година училиштата како и останатите јавни објекти нема да се загреваат над 19 степени целзиусови.

Според градоначалникот на Периер, Габриел Даубе одлуката за загревање само до 19 степени е дел од мерките за заштеда на енергија.

„Ова е надополнување на цела низа мерки за намалување на сметките за енергија на општината”, изјави Даубе за локалните медиуми.

Како што истакна тој, цената на јакните изнесува околу 6.000 евра за 350 ученици. Според него, инвестицијата ќе се исплати бидејќи со неа ќе се заштедат 10 отсто од трошоците за енергија односно околу 20.000 евра.

Како дел од мерките за штедење во Периер јавното осветлување ќе биде исклучено во 23 часот. Франција како и остатокот од Европа се соочува со енергетска криза и високи цени на струјата, гасот и горивото по почетокот на војната во Украина.

Поголемиот дел од домаќинствата, компаниите и општинските власти во Франција се приклучија на мерките за енергетска трезвеност. Тие одлучија да ги исклучат светлата во продавниците и јавните објекти околу полноќ и да го намалат греењето во затворените простории.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири