| Macedonian
РЕГИОН
3 МИН ЧИТАЊЕ
Што е Европска политичка заедница: Западен Балкан на иста маса со ЕУ
Иницијатор на идејата за формирање на ЕПЗ е францускиот претседател Емануел Макрон. ЕПЗ нема да биде алтернатива на Европската Унија, ќе членуваат земји кандидатки и земји кои ја напуштиле ЕУ.
Што е Европска политичка заедница: Западен Балкан на иста маса со ЕУ
На состанокот во Прага треба да учествуваат 44 држави     Фото: АА / AA
4 октомври 2022

Воведниот состанок на Европската политичка заедницa (ЕПЗ) се очекува да биде одржан во четврток во Прага, Чешка, земјата која претседава со Европската Унија. ЕПЗ е замислена е како заедница од 44 држави во кои треба да бидат вклучени 27 земји членки на ЕУ како и 17 други европски држави кои не се дел од унијата. Во ЕПЗ ќе бидат вклучени Туркије, земјите од Западен Балкан, Обединетото Кралство, Норвешка и Швајцарија.

Од каде потекнува идејата за ЕПЗ?

Францускиот претседател Емануел Макрон во мај годинава по повод Денот на Европа одржа говор во Европскиот парламент во кој ја претстави идејата за Европска политичка заедница. Претходно Франција додека претседаваше со ЕУ до земјите членки достави нон пејпер во кој беше образложена идејата. Оваа заедница како што вели Макрон би им овозможила на земји како Украина, но и земјите од Западен Балкан кои се на листата на чекање на ЕУ поблиску да се поврзат со Унијата.

Според францускиот претседател, по почетокот на војната на Русија против Украина се отвара нов простор за политичка соработка, безбедност и кооперација.

Кој ќе учествува и за кои прашања ќе се разговара?

На состанокот во Прага ќе учествуваат шефовите на државите членки на Европската унија, шефовите на државите од Западен Балкан, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Албанија. Ќе учествуваат и Туркије, Украина, Велика Британија, Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Грузија, Молдавија, Ерменија и Азербејџан.

Организатори на состанокот се претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и премиерот на Чешка Петр Фиала.

Безбедноста, енергијата, климата, економијата и миграцијата ќе бидат темите за кои ќе се дискутира.

ЕПЗ не треба да биде замена за ЕУ

Иако во дел од земјите кандидати, како Украина и дел од земјите од Западен Балкан на почетокот идејата беше дочекана со скептицизам, сепак Европската политичка заедница според најавите не треба да биде алтернатива на ЕУ. Идејата е да прерасне во заедница која би била атрактивна за државите кои не се дел од Унијата и за оние кои ја напуштиле.

И самиот Макрон членството во ЕПЗ го гледа како дополнување на процесот на пристапување кон Европската унија. Според претседателот на Франција оваа идеја би овозможила посилно структурирање на политичките, енергетските и инвестициските односи меѓу државите.

Членството на Западен Балкан во ЕУ има поддршка и од германскиот канцелар Олаф Шолц. Според Шолц нема безбедност во ЕУ без стабилен европски Западен Балкан.

Погледнете го видеото кое го објаснува концептот на Европска политичка заедница.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Руски борбен авион Су-30 се урна на Крим
Се бара ослободување на лидерот на палестинско-американската заедница уапсен од ИЦЕ
Јужна Кореја и Франција се заложија заеднички да обезбедат безбеден премин низ Ормускиот теснец
Пентагон го испрати во пензија началникот на армијата и разреши уште двајца генерали
Бројот на жртви од поплавите во Авганистан се искачи над 50
Ирански дрон предизвика пожар во кувајтска рафинерија
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец