ЕУ воведува единствен приклучок за полнење за сите паметни телефони
КУЛТУРА
2 МИН ЧИТАЊЕ
ЕУ воведува единствен приклучок за полнење за сите паметни телефониДо крајот на 2024 година сите паметни телефони, таблети, дигитални камери, слушалки, преносни конзоли за видео игри, звучници и тастатури ќе имаат еден полнач, односно потрошувачите нема да мораат да купуваат кабли и полначи за секој нов уред.
Европскиот парламент (ЕП) одобри закон според кој до крајот на 2024 година ќе биде задолжителна употребата на УСБ-Ц приклучоците за полнење во електронските уреди како паметните телефони, таблети и камери кои се продаваат во државите членки.     Фото: АА / AA

Европскиот парламент (ЕП) одобри закон според кој до крајот на 2024 година ќе биде задолжителна употребата на УСБ-Ц приклучоците за полнење во електронските уреди како паметните телефони, таблети и камери кои се продаваат во државите членки.

На седницата на Генералното собрание на ЕП одржана во Стразбур се дискутираше за нацртот на законот кој има за цел да стандардизира различни приклучоци за полнење на разни електронски уреди како што се УСБ-Ц, Микро УСБ и Лајтнинг и намалување на електронскиот отпад.

Пратениците во Европскиот парламент го одобрија нацрт законот кој ќе го донесе универзално полнење на паметните телефони со 602 гласа „за“ и 13 „против“. Според законот, УСБ-Ц ќе биде нов стандарден приклучок за полнење.

До крајот на 2024 година сите паметни телефони, таблети, дигитални камери, слушалки, преносни конзоли за видео игри, звучници и тастатури ќе имаат УСБ-Ц приклучоци за полнење.

Всушност, еден полнач ќе може да се користи на разни електронски уреди, односно потрошувачите нема да мораат да купуваат кабли и полначи за секој нов уред.

Исто така, ќе бидат усогласени системите за брзо полнење на уредите. Законот ќе се прошири на лаптоп компјутерите во пролетта 2026 година. Овој чекор има за цел да го намали електронскиот отпад.

Откако законот ќе биде официјално одобрен од страна на Европскиот совет ќе стапи на сила со објавување во Службениот весник на ЕУ.

Според пресметките на Европската комисија, оваа промена би заштедела 250 милиони евра (247 милиони долари) за европските потрошувачки и би го намалила е-отпадот за 11.000 тони секоја година.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Кир Стармер поднесе оставка, Енди Бернам ќе биде нов премиер на Велика Британија
37 проценти од Американците сметаат дека Иран има поголема корист од договорот со САД
Австралиската полиција заплени 2,7 тона кокаин во „најголемата досега“ заплена на дрога во земјата
Клучни резултати од самитот во Швајцарија за разговорите меѓу Иран и САД
Градоначалникот на Москва вели дека 59 дронови се соборени при приближување кон главниот град
Трамп му честита на новоизбраниот претседател на Колумбија
Јужна Кореја го критикува „засиленото“ гранично оградување на Северна Кореја
Австралија го потпиша најголемиот договор за извоз на одбрана
ДТИК организираше средба со медиумите во Скопје
Ердоган: Туркије е главен актер во решавањето на регионалните кризи
Иран ги одложи преговорите со САД поради кршењето на примирјето во Либан од страна на Израел
Израелскиот министер за одбрана: Никој не може да ни каже што да правиме
Правна и политичка субверзија: Како Израел ја уништува „мировната“ рамка во Газа
Шок во Тел Авив по острите критики на американскиот потпретседател за израелски министри
Средба Руте-Трамп следната недела во САД